Свет
Кисела Вода ќе војува со цементарницата „Усје“ за почист воздух
Државниот инспекторат за животна средина констатирал дека во воздухот кај цементарницата немало надминување на дозволените концентрации на сулфур Општина Кисела Вода ќе застане на чело на претстојните барикади пред Цементарница „Усје“, чија цел е да се блокира работата на фабриката на чија адреса зачестија обвинувањата дека ги труе граѓаните.
ЗАГАДУВАЧИТЕ повторно во акциЈа
Државниот инспекторат за животна средина констатирал дека во воздухот кај цементарницата немало надминување на дозволените концентрации на сулфур
Општина Кисела Вода ќе застане на чело на претстојните барикади пред Цементарница „Усје“, чија цел е да се блокира работата на фабриката на чија адреса зачестија обвинувањата дека ги труе граѓаните. Последната искра во затегнатите односи меѓу општинските власти и цементарницата изби пред неколку дена, откако жителите од Кисела Вода повторно се пожалија дека во воздухот се чувствувал силен мирис на сулфур.
На 15, 16 и 17 август во Општината се јавиле десетици граѓани кои пријавиле тешкотии во дишењето, болки во градите и печење во очите. Бидејќи ова не е прв ваков случај, локалната власт е цврсто уверена дека изворот на загадувањето е „Усје“.
– Последново труење ја прелеа чашата. Во воздухот беа испуштени огромни количества сулфур, а жителите од околните населби беа принудени да затвораат прозорци на температури од над 40 степени. Семејствата што имаат бебиња бегаа од своите домови во страв од последици по здравјето на своите деца. Перманентното загадување на цементарницата повеќе нема да го толерираме. Ќе ја поддржиме иницијативата на граѓаните, кои деновиве најавуваат целосна блокада на работата на „Усје“, во знак на револт. Подготвени сме ние да ги предводиме протестите, се’ додека не добиеме вистински одговори од сите надлежни институции – вели Тони Чупоски, шеф на кабинетот на градоначалникот на Кисела Вода, Џорџе Арсов.
Општинарите го повикуваат Државниот инспекторат за животна средина јавно да ги презентира резултатите од испитувањата на квалитетот на воздухот во Кисела Вода и се закануваат со кривична пријава ако не добијат одговори.
Еве што одговараат од Државниот инспекторат:
– Во врска со поплаките од граѓаните од Општина Кисела Вода за непријатната миризба и тврдењата дека пред „Усје“ имало пет камиони полни со сечкани гуми, направен е инспекциски увид на самото место. Констатирано е дека нема никакво надминување на максимално дозволените концентрации на сулфур во воздухот. Во врска со сомнителните камиони, тие биле натоварени со петрол-кокс, а не со сечкани гуми, како што тврдат граѓаните. За да се лоцира изворот на непријатната миризба, беше проверен и просторот на поранешната стакларница, каде што работат повеќе правни субјекти, како и фабриката ОХИС, но при посетата на инспекторите погоните беа затворени. Мирисот на расипана зелка, на кој се жалат жителите, не се чувствуваше во кругот на фабриката, туку само кај бензинската пумпа на „Првомајска“, кај стакларницата и зад куќите кај каналот – велат од Инспекторатот.
Од друга страна, Општина Кисела Вода се сомнева и во точноста на податоците на Државниот инспекторат, според кои фабриката не го загадува воздухот со согорувањето на сечканите гуми. Пред две недели, раководството на „Усје“ и Министерството за животна средина и просторно планирање ги промовираа податоците од двегодишните испитувања за влијанието на согорените гуми врз животната средина. Тие покажале дека нема штетни последици врз околината.
– Не веруваме во тоа. Секојдневните жалби на граѓаните потврдуваат дека „Усје“ не ги почитува еколошките стандарди и работи на штета луѓето и нивното здравје – вели Чупоски.
Петар Чулев
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

