Свет
Тајфунот Миринеа се приближува кон Виетнам
Тајфунот Миринеа што ги погоди Филипините полека се приближува до територијата на Виетнам и се очекува таму да пристигне во понеделник напладне.
Тајфунот Миринеа што ги погоди Филипините полека се приближува до територијата на Виетнам и се очекува таму да пристигне во понеделник напладне.
Тропската бура во текот на ноќта ја загуби својата сила во моментот додека поминуваше преку Јужното кинеско море, објави Асошиејтед Прес(АП).
Виетнамскиот премиер Нгујен Тан Дунг нареди евакуација на населението во високоризичните области, а од виетнамските рибари во кинеското море побара да се засолнат на безбедно.
Виетнам и Филипините сеуште се опоравуваат од последиците на тајфунот Кетсана кој ги погоди областите во септември при што во Манила ја предизвика најголемата поплава во последните 40 години, а во Виетнам однесе 60 човечки животи.
Досега од тајфунот Миринеа на Филипините загинаа 20 луѓе, а четри се водат како исчезнати./крај/бт/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Градоначалничката на Лос Анџелес била на коктел во Гана кога избувнал пожарот во Палисадес
Како што ескалираше пожарот во Лос Анџелес на 7 јануари, градоначалничката Карен Бас се фотографираше на коктел-забава во амбасадата во Гана, покажуваат објавите на социјалните мрежи. До моментот кога таа го напушти собирот и се упати кон дома, масивни облаци од чад беа видливи низ градот, пишува Њујорк Тајмс.
Бас беше во западноафриканската земја како дел од делегацијата на администрацијата на Бајден на инаугурацијата на претседателот на Гана Џон Драмани Махама, на која таа присуствуваше претходно истиот ден, се дознава. Таа отпатува во странство на 4 јануари, кога Националната метеоролошка служба ги зголеми предупредувањата за претстојните силни ветрови, и се врати во Лос Анџелес околу 11 часот на 8 јануари, повеќе од 24 часа по избувнувањето на пожарите.
🚨 JUST IN: LA Mayor Karen Bass decided to go to a COCKTAIL PARTY in Ghana while Angelenos were burning alive, per LA Times
Photos of her smiling and happy at the party have now surfaced.
Bass MUST be removed!
She left Los Angeles knowing there was a high chance of horrific… pic.twitter.com/HHXqhfLjJx
— Nick Sortor (@nicksortor) January 15, 2025
Портпаролот на градоначалникот рече дека американскиот амбасадор во Гана приредил прием за делегацијата пред да се упатат дома со воен авион. Тој изјави дека Бас го поминувалa поголемиот дел од времето на забавата правејќи повици во посебна просторија.
This is by far the craziest video from the fire in Los Angeles. This guy is filming huge walls of fire surrounding a house they're in, and there's another person and a dog. I have no idea why they didn't evacuate or what happened to them. Let's hope they're okay. #PalisadesFire pic.twitter.com/QYtsBSKvdl
— Sia Kordestani (@SiaKordestani) January 8, 2025
Одлуката на градоначалничката да го напушти градот среде временските предупредувања и времето на нејзиното враќање привлекоа критики и внимание на националните медиуми во последните денови.
Наводно, Бас се фотографирала на забавата нешто пред 20 часот по локално време во Гана, или пред пладне време во Лос Анџелес, според фотографијата објавена на социјалните мрежи на која се гледа часовникот на лице на забавата.
Karen Bass was at a cocktail party while the Palisades burned. https://t.co/xjk1BcncKd pic.twitter.com/qgeulSklac
— Eric Spiegelman (@ericspiegelman) January 15, 2025
Неколку минути подоцна беа издадени наредби за евакуација во Палисадес.
Фотографиите на Инстаграм и ЛинкдИн ги објави Мариса Бауман, вработена во градот која не беше дел од официјалната делегација.
Европа
Превентивни прекини на струја во Украина поради рускиот ракетен напад
Русија утрово изврши масовен напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. Прогласена е закана од воздушен напад низ целата земја. Силни експлозии се слушнаа во Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, како и во неколку области на западот на земјата.
Експлозии се слушнаа во регионите Хмелницки, Виниција и Ивано-Франковск. Во регионот Лавов, на крајниот запад на Украина, се слушаат операции за противвоздушна одбрана.
Украинските власти соопштија дека нападот го извршиле 7 бомбардери Ту-22 и 6 бомбардери Ту-95. Крстосувачки ракети беа лансирани од воени бродови во Црното Море, воени авиони МиГ-31К, додека балистички ракети беа истрелани од копнени фрлачи.
Цели на нападите се украински хидроцентрали и друга инфраструктура во западниот дел на земјата, соопштија украинските власти. Полска ги подигна борбени авиони поради нападот.
Итни прекини на струја
Превентивните прекини на струја се во сила поради рускиот ракетен напад врз Украина, изјави министерот за енергетика Херман Халушченко.
Украинската енергетска компанија Укренерго додаде дека прекини се воведени во регионите Харков, Суми, Полтава, Запорожје, Днепропетровск и Кировоград.
Свет
(Видео) Мишел Обама нема да присуствува на инаугурацијата на Трамп
Мишел Обама, сопругата на поранешниот американски претседател Барак Обама, наводно нема да присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп, пренесува Е! Вести.
„Поранешната прва дама Мишел Обама нема да биде дел од претстојната инаугурација“, изјави претставник на сопружниците Обама. За разлика од неа, Барак го потврди своето присуство на церемонијата.
Мишел го пропушти и погребот на поранешниот демократски претседател Џими Картер, кој се одржа на 10-ти јануари. Покрај Барак, на збогувањето присуствуваа и Џо Бајден, Џорџ Буш, Доналд Трамп и Бил Клинтон. Се појавија и Камала Харис, Мајк Пенс и Ал Гор.
Инаугурацијата на Трамп ќе се одржи на 20 јануари. Некои од политичарите кои го потврдија своето присуство се Бил и Хилари Клинтон, Џорџ и Лора Буш и Џо Бајден. Кантри пејачката Кери Андервуд ја прифати поканата да пее на инаугурацијата, каде што ќе ја изведе песната America The Beautiful.