Македонија
Груевски: Ова е историски ден за Македонија

Премиерот Никола Груевски денешниот ден го оцени како историски ден поздравувајќи го мислењето на Европската Комисија
Премиерот Никола Груевски денешниот ден го оцени како историски ден, го поздрави мислењето на Европската Комисија и им честиташе за позитивниот извештај на македонските граѓани„Ова е историски ден за Република Македонија и за нејзините граѓани, оцени премиерот Никола Груевски по објавувањето на позитивниот извештај на ЕК за напредокот на земјата во 2009 и препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ.„Тоа е резултат на досегашните напори на Владата, на граѓаните, на сите политички чинители, здруженија во Македонија и на нашите ценети пријатели од меѓународната заедница. Го поздравуваме мислењето на Европската комисија и сите негови обиди во поддршката кон нас за процесот на реформите“, истакна Груевски во изјавата што ја даде во Владата на Република Македонија откако евроамбасадорот Ерван Фуере кој му го предаде Извештајот.Тој истакна дека овој Извештај ќе биде патоказ за идните чекори и реформи кои ќе ги преземе Владата.„Ние ја знаеме и важноста на предизвикот да се промовираат добрососедските односи и регионалната соработка. Во контекст на спорот со името Македонија активно и конструктивно ќе ги продолжиме со разговорите под покровителство на Обединетите нации со цел да се најде заеднички прифатливо решение“, рече премиерот.Извештајот на Комисијата од 2009 година за Република Македонија, како што рече Груевски, за последната година го поздравува зајакнувањето, функционирањето на демократијата и стабилноста на институциите што се однесува до владеењето на правото. Владата, продолжи тој, го поздравува мислењето на Комисијата за пресретнувањето на Копенхашките критериуми за партнерство и клучните приоритети за пристапување во однос на отпочнувањето на преговори за пристапување.Фуере упати честитки за добиениот позитивен извештај и препораката за преговори. Тоа, како што посочи, е силно признание за волјата и капацитетот на Владата да постигне успех, и поттик да се фокусира на преостанатите реформи и приоритети.„Оваа препорака дадена од страна на ЕК претставува силно признание за политичката волја и за капацитетот кои што ги има оваа Влада да постигне успех. Како што кажа исто така и комесарот Оли Рен ова претставува и силен поттик за Владата и за сите институции да продолжат со реформските процеси и да се фокусираат на оние области каде што беа детектирани одредени слабости“, рече Фуере.Тој додаде дека заслугата ја делат сите граѓани, политички фактори и граѓанското општество. Според евроамбасадорот заедничката работа ја доведе нашата земја до успех./крај/форум
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
„Јачината на ветрот постепено се зголемуваше и ни предизвика голема непријатност затоа што пожарот се движеше со исклучително голема брзина горејќи ги боровите стебла, создавајќи висока температура и многу густ и црн чад што удираше на гребенот. Нашата цел беше да го одбраниме гребенот и да не му дозволиме на овој пожар да прескокне преку гребенот од страната на селото Брезница, односно од скопска страна. Во тоа успеавме по неколку жестоки битки бидејќи огнот на неколку моменти префрли од другата страна, но благодарение на храброста на вработените во ‘Јасен’, лично овде е и директорот, еден од раководителите, со поддршка од екипа пожарникари од Македонски Брод, успеавме да го запреме по самиот гребен, ги изгаснавме местата на кои огнот префрли од другата страна и ја стабилизиравме ситуацијата“, рече Ангелов.
Пожарот сè уште се движи и создава густ чад што им предизвикува проблеми со дишењето на луѓето на теренот. На помош пристигнуваат пожарникари од Скопје, Велес и Куманово што ќе ги распоредат. Истовремено поддршка стигна и од вработените од Општината Сопиште кои цело време вршат дотур на вода, покрај другите активности. Тука се и припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на МВР.
Македонија
Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните здравствени институции, но и продолжување на контролите во јавните здравствени установи кои се занимаваат со истата проблематика. Одлуката следи по изјавата на кардиохирургот, Сашко Кедев, дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и стентирања и операции.
Алиу рече дека комисијата ќе биде независна и дека извештајот ќе служи како патоказ за понатамошни мерки. Од наредниот месец, приватните здравствени установи ќе мора да ги отворат базите со информации за кардиолошки интервенции, со цел Министерството да ги агрегира податоците и да има увид во здравствените патеки на граѓаните.
Министерот потврди дека има база со информации од 2019 до 2025 година за кардиолошки интервенции во јавните и приватните установи и дека ќе се сретне со д-р Кедев за понатамошна соработка. Фондот за здравствено осигурување, пак, ги следи сите прашања за квалитетот и законитоста на услугите, но оценката на медицинската оправданост останува надлежност на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и специјалните комисии формирани од министерот.
Македонија
Никоски: Новата градинка во Потстаница, Драчево, значи подобра грижа за децата и поголема поддршка за семејствата

Како напредуваат градежните работи за новата градинка во Потстаница, Драчево, на лице место излезе да провери и директорот на Управата за заштита на животната средина и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Никоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за труд и социјала Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Кисела Вода,Орце Ѓорѓиевски.
„Oвој објект e со вкупна површина од 300 квадратни метри и дополнително дворно уредување од 700 квадратни метри. Тој ќе обезбеди подобра грижа за децата и поголема поддршка за семејствата во овој дел од општината. Овој проект е доказ за нашата посветеност кон социјалниот развој и унапредување на квалитетот на животот во Кисела Вода“, рече директорот Никоски.
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека новата детска градинка ќе биде целосно завршена за само 20 дена и дека во неа ќе бидат згрижени 75 деца.