Црна хроника
Условни казни за двајца демонстранти од пред Влада, за други двајца постапката е издвоена

Двајца демонстранти од првата група обвинети за насилство во текот на протестите пред зградата на Владата од 5-ти мај добија условни казни од три месеца доколку во рок од една година не извршат кривично дело, јави репортерот на Макфакс од кривичниот Основен суд Скопје 1 Скопје
Едниот до демонстрантите, Бојан Тантуровски, ја призна вината и рече дека на протестот отишол доброволно со намера да протестира мирно. Бил испровоциран,, како што кажа, од тоа што во толпата била прегазена жена и поради тоа реагирал. Меѓутоа, тврди дека не повредил ниеден од полицајците, туку дошол единствено во контакт со штитовите од полицискиот кордон.
И вториот демонстрант, Слободан Пешиќ , ја призна вината и рече дека за време на споменатите протести бил под дејство на алкохол и оти воопшто не се сеќава што се случувало. По 15 часа од инцидентот, рече, му биле измерени околу 2,5 промили алкохол во крвта. Кажа и дека досега бил 62 пати на лекување од алкохолизам, што било без успех, бидејќи прерано го прекинувал болничкиот третман.
Затоа, од страна на судот му беше одредена дополнителна мерка една година секојдневно да оди на терапија на психијатриската клиника во Скопје и да се лекува.
И двајцата демонстрантите кои се условно се осудени, досега немале сторени други кривични дела, истакнаа нивните бранители.
Третиот демонстрант кој се појави пред судот во вторникот, Бошко Јосимовски со прекар „Црвениот“, за кој обвинителството рече дека претходно бил осудуван за повеќе кривични дела, пред судот изјави дека не се чувствува виновен, како и дека тоа што му се става на товара е претерано. Вината, исто така, не ја призна и Алесандар Динев, исто така од Скопје.
Судот за овие двајца демонстранти ја издвои постапката, и за во петок закажа ново рочиште
Обвинителството ги товари демонстрантите за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршењето на службените дејствија. Според Обвинителството, за време на протестите демонстранти учестувале во толпа којашто ги напаѓала полицајците со метални шипки, бекатон плочки и други тврди предмети, пореди што имаше и повредени полицајци
Протестите на 5-ти мај беа организирани откако најголемата опозициска партија СДСМ објави аудио снимки во коишто високи функционери од власта наводно се обиделе да го скријат убиството на Нешкоски, кое се случи ноќта меѓу 5-ти и 6-ти јуни 2011 година, додека власта ја славеше изборната победа./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Обид за убиство во Виница: маж избоден четири пати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од овој град, по вербална расправија, со нож нападна друг маж, Д.С., нанесувајќи му четири убодни рани.
По нападот, напаѓачот веднаш побегнал од местото на настанот.
Сепак, полициските службеници по обезбедувањето на оперативни сознанија синоќа во Кочани го приведоа, Н.В.
Надлежното јавно обвинителство е известено и се работи на целосно документирање на случајот.
Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.