Спорт
Еуро 2012 низ бројки: Алушовски еден од највозрасните
Утревечер во Србија ќе започне јубилејното 10 Европско првенство, во машка конкуренција, шампионатот ќе се одржува во четири града: Ниш, Вршац, Нови Сад и Белград.
Утревечер во Србија ќе започне јубилејното 10 Европско првенство, во машка конкуренција, шампионатот ќе се одржува во четири града: Ниш, Вршац, Нови Сад и Белград.
Најмногу титули има Шведака, четири, актуелниот првак Франција има две, а по еднаш шампиони на Европа биле Русија, Германија и Данска. На контитнеталното првенство, учество ќе земат 16 репрезентации поделени во четири групи, пласман во втората фаза ќе изборат по три најдобри селкции од секоја група. Група А: Полска, Србија, Данска, СловачкаГрупа Б: Македонија, Германија, Шведска, ЧешкаГрупа Ц: Франција, Унгарија, Шпанија, РусијаГрупа Д: Хрватска, Норвешка, Исланд, СловенијаВо прелиминарната фаза сите селектори на репрезентациите можат да пријават по 16 ракометари, што значи дека на континеталното првенство ќе продефилираат 256 ракометари. Ево уште некои интересни бројки од првенството:Највозразни ракометари, со по 39 години, се : Стевче Алушовски, репрезентативецот на Македонија, шпанскиот голман Хавиер Хомбрадос, Данецот Ларс Кристијансен и пивото на Норвешка Џони Јенсен. Најмлад играч на првенството ќе биде 18-годишниот Павел Пачковски.Највисок играч е Николај Маркусен од Данска, висок е 212 сантиметри.Најниски, со 173 сантиметри се Лукаш Јанист од Полска и Алексеј Шиндин од Русија.Рафаел Баена, репрезентативецот на Шпанија, со 130 килограми е најтешкиот ракометар.Клуб кој дава најмногу репрезентативци, вкупно 18, е рускиот Чеховски Медведи. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сашко Кедев на Велигден го искачи Макалу (8.485), петтиот највисок врв на светот
Кардиологот и алпинист Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу кој е висок 8.485 метри и е петти највисок планински врз во светот.
Кедев со експедиција од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси се искачи на Макалу. Тој е првиот акедонец кој се искачил на овој врв.
Беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.
Во историскиот успех на Кедев се запишани и врвовите Монт Еверест (8.848), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163), Броуд пик (8.051), Анапурна (8.091 метри), Cho Oyu (8.201), Нанга Парбат (8.126).
Спорт
(Видео) Алкараз на удар: „Се распаѓа, изгледа како 78-годишен старец“
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз имаше проблеми со многу повреди во текот на својата кратка кариера.
Последна во низата е повредата на подлактицата која го мачи оваа пролет и поради неа ги пропушти турнирите во Монте Карло, Барселона и Рим.
На оваа тема се зборуваше и во подкастот „Super Moscato“ на добро познатиот RMC.
Водител на емисијата е поранешниот француски рагбист, денес актер и водител Винсент Москато, кој многу го критикуваше 21-годишниот Шпанец.
„Да не бидам досаден, добри супи се прават во стари тенџериња, па еве го Ѓоковиќ, со сите повреди типувам на Ѓоковиќ“, изјави Москато и додаде:
„Алкараз „се распаѓа“. Го боли подлактицата, изгледа како 78-годишен старец. На 20 години раката не ве боли многу. Го гледате ли Алкараз како наследник на Надал? Слушајте ме, ќе јадам стаорец ако се случи тоа“
Алкарас моментално е трет на АТП листата, а полуфиналето ќе го брани на Ролан Гарос.
Спорт
FourFourTwo: Пикси Стојковиќ е најлош од сите селектори на Евро 2024
Сезоната на клупскиот фудбал полека привршува, а стартот на Европското првенство во Германија е се поблиску. За точно 38 дена во Минхен ќе се одигра првиот натпревар на ЕП меѓу Германија и Шкотска.
Специјализираниот фудбалски магазин „FourFourTwo“ во пресрет на првенството објави список на селекторите на сите репрезентации кои според нивната проценка ги рангираше од најдобар до најлош. На првото место е Дидие Дешамп (Франција), а зад него се Лучијано Спалети (Италија) и Јулијан Нагелсман (Германија). Најлош од сите сите селектори според „FourFourTwo“ е Драган Стојковиќ.
Рангирање на сите екипи на Евро според „FourFourTwo“:
1. Дидие Дешамп (Франција)
2. Лучијано Спалети (Италија)
3. Јулијан Нагелсман (Германија)
4. Герет Саутгејт (Англија)
5. Златко Далиќ (Хрватска)
6. Роберто Мартинез (Португалија)
7. Доменико Тедеско (Белгија)
8. Луис де ла Фуенте (Шпанија)
9. Каспер Хјулманд (Данска)
10. Марко Роси (Унгарија)
11. Стив Кларк (Шкотска)
12. Роналд Куман (Холандија)
13. Силвињо (Албанија)
14. Винченцо Монтела (Турција)
15. Вили Сањол (Грузија)
16. Ралф Рангник (Австрија)
17. Франческо Калцона (Словачка)
18. Едвард Јорданеску (Романија)
19. Сергеј Ребров (Украина)
20. Матјаж Кек (Словенија)
21. Мурат Јакин (Швајцарија)
22. Михал Пробиерц (Полска)
23. Иван Хашек (Чешка)
24. Драган Стојковиќ (Србија)