Свет
Израел се закани дека ќе упадне на „Рејчел Кори“
Израелската армија предупреди дека ќе се истовари на ирскиот хуманитарен брод „Рејчел Кори“, ако тој продолжи да плови кон Газа наместо кон израелското пристаниште Ашдод.
Израелската армија предупреди дека ќе се истовари на ирскиот хуманитарен брод „Рејчел Кори“, ако тој продолжи да плови кон Газа наместо кон израелското пристаниште Ашдод.
„Ако тоа биде нужно, ако бродот не ја промени насоката, нема да имаме избор“ изјави портпаролот на армијата, Авитал Лејбович, цитиран од израелското радио.
Според израелската армија, „Рејчел Кори“, не одговорил на радио пораките, со кои му се наредува да се пренасочи кон израелското пристаниште Ашдод и да продолжи да плови кон појасот Газа.
Израелските власти неколку пати изјавија дека се решени да му го забранат пристапот на овој брод до пристаништето Газа.
Посадата на бродот досега ги одбиваше барањата да се пренасочи кон Ашдод, околу 30 километри северно од појасот Газа, и таму да ја истовари својата хуманитарна помош.
Израелската морнарица со најмалку три брода почнала да го следи ирскиот брод на 65 километри од Газа.
На него се наоѓаат 15 луѓе, ирски и малезиски пропалестински активисти меѓу кои и добитник на Нобелова награда за мир.
По насилниот упад на израелската војска на турскиот хуманитарен брод „Мари Мармара“ во понеделникот, кога загинаа девет цивили и меѓународните критики, Израел нема намера да попушти и да допушти пробивање на блокадата на појасот Газа. /крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пристигна реакција на Кремљ: Погрешно е да се изнесуваат хипотези
Набргу откако почнаа да се шират теориите дека авионот бил соборен од руска ракета, реагираше портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
„Би било погрешно да се изнесуваат какви било хипотези пред заклучоците на истрагата. Ние, се разбира, нема да го сториме тоа и никој не треба да го прави тоа. Мора да почекаме истрагата да биде целосно завршена“, рече Песков.
Владини извори на Азербејџан денеска потврдија за Еуроњуз дека падот на авионот во кој загинаа 38 патници, од кои некои преживеаја, при слетување во близина на градот Актау во Казахстан бил предизвикан од руски проектил земја-воздух.
Истата информација ја пренесе и „Ројтерс“ повикувајќи се на четири извори.
Свет
Затворени сите аеродроми во Москва
Руската агенција за цивилно воздухопловство денеска соопшти дека сите четири аеродроми во Москва и аеродромот во Калуга, 160 километри југозападно од Москва, се привремено затворени, но не наведе причина.
„Авионските екипажи, контролорите на летање и аеродромските служби ги преземаат неопходните мерки за да се обезбеди безбедност на летот“, се вели во соопштението на Росавијација.
Московските аеродроми последен пат беа затворени кон средината на минатиот месец, откако Украина рано наутро лансираше најмалку 25 беспилотни летала насочени кон Москва.
Росавијација потоа објави на Телеграм дека „за безбедност на летовите на цивилните авиони, воведени се привремени ограничувања за работата на аеродромите Домодедово и Жуковски“.
Свет
Извори од азербејџанската влада: Руски проектил ја предизвика авионска несреќа
Владини извори на Азербејџан денеска потврдија за Еуроњуз дека падот на авионот во кој загинаа 38 патници, од кои некои преживеаја, при слетување во близина на градот Актау во Казахстан бил предизвикан од руски проектил земја-воздух.
Според овие извори, проектилот бил истрелан кон летот 8432 за време на активноста на беспилотни летала над Грозни, а проектилите ги погодиле патниците и екипажот откако експлодирале покрај авионот за време на летот.
Владини извори за „Еуроњуз“ изјавија дека оштетениот авион не смеел да слета на ниту еден руски аеродром и покрај барањата на пилотот за итно слетување. Наместо тоа, му било наредено да лета преку Каспиското Море кон Актау, Казахстан.
Податоците покажуваат дека ГПС навигациските системи на авионот биле прекинати во текот на летот над морето.
Според извештајот на меѓународниот портал AnewZ со седиште во Баку, кој се повикува на извори од азербејџанската влада, проектилот бил истрелан од системот за воздушна одбрана „Панцир-С“.
Руски извори јавуваат дека руските сили за воздушна одбрана активно се обиделе да соборат украински беспилотни летала кога авионот на Азербејџан ерлајнс ја преминувал Чеченија.
Доколку се потврдат овие прелиминарни извештаи, ова ќе биде втор пат во една деценија руските сили да соборат комерцијален авион, по соборувањето на летот МХ17 во Украина. Овој пат меѓу жртвите има руски државјани, но и оние од соседните земји.
Понатамошната истрага за несреќата треба да ги открие околностите околу лансирањето на ракетата, одбивањето за слетување на блиските аеродроми во Русија и наредбата да се прелета оштетениот авион над морето.
Покрај тоа, и четири извори потврдиле за Ројтерс дека патничкиот авион кој вчера се урна во Казахстан, претходно бил погоден од руска ракета над Чеченија.