Спорт
Гвардиола: фудбалерите на Реал го заслужија лидерството во Шпанија
Тренерот на каталонската гордост Барселона, Хосеп Гвардиола, изјави дека наполно е заслужена предноста што во актуелниот шпански фудбалски шампионат ја има најголемиот ривал – мадридски Реал.
Тренерот на каталонската гордост Барселона, Хосеп Гвардиола, изјави дека наполно е заслужена предноста што во актуелниот шпански фудбалски шампионат ја има најголемиот ривал – мадридски Реал.Гвардиола пристигна во Цирих на доделувањето на наградите „Златна топка“ на најдобриот фудбалер на светот, при што ќе биде прогласен и најдобриот тренер за изминатата година, титула на којашто претендира и предводникот на Барселона. Покрај Пеп Гвардиола, во оваа категорија за признанието конкурираат и тренерот на Реал Мадрид, Поругалецот Жозе Мурињо и трофејниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, кој претходно токму во Цирих изјави дека Барселона е најдобриот клуб моментално во светот.„Ако Реал нé одмина на првенствената табела за пет бодови, значи дека тие сработиле подобро од нас. Но и тоа си има свој шарм: да се натпреваруваш со екипа која има предност. Значи ние треба да работиме поупорно, дополнително“, ја цитира AFP изјавата на Гвардиола дадена на прес-конференција пред доделувањето на престижните признанија.Тренерот на Барселона не го коментираше неприсуството во Цирих на претставници на мадридскиот клуб, кои го откажаа учеството на церемонијата за да се подготват за возвратниот натпревар во шпанскиот куп против Малага на гости. Во првиот меч „кралевите“ на својот „Сантјаго Бернабеу“ со целосен пресврт за девет минути во второто полувреме извојуваа тесна победа по гостинското водство од 0:2.„Доколку ни претстоеше важен меч во Купот веќе следниот ден по церемонијата, ќе разговаравме со претседателот на клубот, и не знам дали би дошле или не“, изјави Гвардиола./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

