Контакт

Надворешна политика

Јолевски: Македонија заслужува полноправно членство во НАТО

Објавено пред

Министерот за одбрана Зоран Јолевски во петокот за време на посетата на САД оствари неколку значајни средби со високи официјални лица во Белата куќа, Стејт Департментот и Пентагон. 

dobivaj vesti na viber

Имено, во Белата куќа министерот Јолевски оствари средба со Целесте Валандер, специјален советник на претседателот Барак Обама и Директор во Советот за безбедност на САД, додека во американскиот Стејт Департмент министерот се сретна со Хојт Ји, заменик помошник секретар за Европа и Евроазија.

На одвоените средби министерот Јолевски и соговорниците разменија мислења за интеграцијата на Република Македонија во НАТО, за реформските процеси во Армијата, како и за безбедносната состојба во регионот на Југоисточна Европа и пошироко.

Во рамки на посетата, во Пентагон, Јолевски оствари средба со Директорот за Русија, Украина и Евроазија Лаура Грос, на која стана збор за реформските зафати во Министерството.

„Наш приоритет е да ги задржиме и унапредуме капацитетите на Армијата на Република Македонија, а тоа значи вложување во образование и едукација, како и вложување во опрема“, рече министерот. Дека станува збор за исклучително важен процес кој дава резултати, министерот Јолевски ја посочи Воената академија, на која освен што е воведена настава на англиски јазик, започната е и размената на питомци со академиите од земјите на НАТО. Ние не отстапуваме од реформите, додаде Јолевски, бидејќи тие се добри за нас како држава, но и за НАТО алијансата, која е и наша стратегиска цел.

„Македонија е стабилен партнер и долгогодишен контрибутор кон светскиот мир. Ние сме одговорен член на меѓународната заедница и заслужуваме да бидеме дел од Алијансата за која сме подготвени од 2008 година“, потенцираше министерот.

Директорката Грос порача дека САД продолжуваат да ја поддржуваат Македонија на патот кон полноправно членство во НАТО. Воедно, таа се заблагодари за присуството во Авганистан и за несебичната помош за етаблирање на мирот, демократијата и безбедноста во овој дел од светот./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Хемикалии се излеаа од објект во Пинтија, надлежните на терен

Во текот на денешниот ден во населбата Пинтија во Кисела Вода од резервоар на објект на приватна компанија за производство...

Македонија3 часа

ЕУ ни порача: Тоа што е договорено е договорено, нема што ново да се договара

Тоа што е договорено е договорено, нема што повеќе да се договара, рече претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за...

Македонија4 часа

Таравари официјално поднесе оставка: „Одлуката ја донесов по лична и професионална проценка“

Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, попладнево официјално поднесе оставка од министерската функција. Во...

Свет4 часа

Трамп: Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ништо нема да се случи во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина...

Македонија6 часа

Сите позиции на Алијансата за Албанците во Владата ќе останат во „Вреди“, вели Меџити

По излегувањето на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари од Владата и од коалицијата „Вреди“ сите места отстапени на албанскиот...

Македонија7 часа

Мицкоски: Нашата посветеност кон евроинтеграциите ќе се засили во периодот што следува

Присуството на претседателот на Европскиот совет, господинот Кошта, не е само потврда на нашата длабока дипломатската соработка, туку и реален...

Македонија7 часа

За три години на патиштата загинале 457 лица, објави Државниот завод за ревизија

Во периодот од 2020 до 2023 година на државните патишта се случиле 31.176 сообраќајни несреќи во кои загинале 457 лица,...

Македонија8 часа

(Видео) Јакимовски: Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден ја водел адвокатот Панче Тошковски

Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден, ја водел како полномошник, адвокат Панче Тошковски, човекот кој заедно со...

Свет8 часа

(Видео) Русија: Турција ги одложи преговорите за попладне; Зеленски пристигна во Анкара

Предложените разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за четврток попладне на иницијатива на турската страна, изјави портпаролката...

Свет9 часа

Трамп: Можеби ќе одам во Истанбул ако има напредок во разговорите денес

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп штотуку изјави дека може да отпатува за Истанбул утре доколку денешните мировни преговори за Украина...

Регион10 часа

(Видео) Инциденти пред зградата на судот во Нови Сад: туркање меѓу граѓаните и полицијата, фрлен солзавец

Пред зградата на судот и канцеларијата на државниот обвинител во Нови Сад, утрово се собраа голем број граѓани и студенти...

Македонија11 часа

„Скандал: Филипче замина на одмор, од грчките плажи и под палмите во Дубаи пишува статуси за законот за Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Каде е Венко Филипче? Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата? Тој од 10.5 2025...

Европа11 часа

Зеленски сака да го разоткрие Путин: ја игра неговата игра, но дали ќе успее, анализира „Скај“

Кога Володомир Зеленски денес ќе слета во Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тоа нема да биде...

Македонија12 часа

„На 21 мај ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народната банка, а никој не ја ни спомнува можноста на оваа позиција да биде избран Албанец“, велат од ДУИ

„ДУИ изразува незадоволство што ниту Владата, ниту Претседателката, а по линија надолу ниту целата политичка раководната структура, никој не води...

Свет12 часа

Трамп пиеше чај со поранешен џихадист за кого САД нудеа награда од 10 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера пиеше чај со поранешен џихадист за кого до неодамна беше распишана награда од 10 милиони...

Свет14 часа

(Видео) Најмалку 21 лице загинаа во страшна несреќа во Мексико

Најмалку 21 лице загинаа во среда во сообраќајна несреќа на автопат што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, изјави...

Европа14 часа

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавувањето дека Путин нема да присуствува

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер. Тој ја...

Европа14 часа

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Кремљ вчера вечер ги откри членовите на делегацијата што денеска ќе учествува во директните преговори со Украина во Истанбул, но...

Економија1 ден

Автоматски ќе има мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања  

Ќе има автоматски мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не...

Економија1 ден

Мицкоски најавува инвестициски бум од речиси 2 милијарди евра: ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува планот за инфраструктурен бум...