Црна хроника
Нападнати матурнат и уште едно момче оти истакнале македонско знаме

Матурант и уште едно дваесет идвегодишно момче ноќта кон вторникот биле нападнати оти во холот на хотелот „Континентал“ истакнале македонско знаме.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил во понеделникот околу 22.30 часот пред хотелот, кога повеќе лица физички го нападнале деветнаесетгoдишниот матурант и другото момче.Матурантот го удриле со шише во главата и му нанеле расекотина на челото, а другото момче го удриле со тупаница поради што се здобил со oток и црвенило. Околу 2.15 часот во хотелот дошол таткото на матурантот за да ги земе децата по завршувањето на прославата. Додека се движеле со автомобилот „фиат пунто“ на булеварот „Никола Карев“, според нивната пријава, ги следел автомобил „мерцедес“.Во близина на касарната Илинден „ауди“ му го попречил патот на „фиат пунтото“. Оттаму излегле неколку лица со палки и со закана со пиштол, почнале да удираат по возилото, при што сите патници се здобиле со расекотини од стакло.За инцидентот приведено е едно лице во присуство на родител и е задржан за понатамошна постапка. СВР Скопје превзема мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сите сторители. /крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.
Црна хроника
Малолетни девојчиња тепале врсничка, ја снимале, а видеото го објавиле на социјалните мрежи

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, Д.М.(39) од с.Бардовци, скопско, пријави дека на 09.10.2025 околу 13:00 часот на игралиште на подрачјето на Карпош во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, а настанот бил снимен со телефон и споеделен на социјални мрежи.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Малолетник од Скопје натепан, па удрен со возило

Малолетник од скопски Сарај вчера бил нападнат од две лица, кои подоцна го удриле и со возило пред трговски центар.
Според информациите на полциијата, на 10.10.2025 околу 16:00 часот во СВР Скопје, малолетник од село Сарај, скопско, пријави дека пред средно училиште на подрачјето на општина Сарај, скопско, бил физички нападнат од И.С.(18) од с.Глумово, општина Сарај и уште едно лице, при што едниот употребил тврд предмет.
Според пријавеното, подоцна и пред трговски центар на подрачјето на Сарај во Скопје го удриле со патничко возило „сеат леон“.