Свет
ЕУ ги опремува „тигрите“ за 700.000 евра
Полициската единица за специјални задачи „Тигар“ ќе биде опремена, како никогаш досега, со врвна технологија што ја користат најсилните светски полиции. Опремувањето ќе чини по околу 15.000 евра по припадник на единицата.
Александар Божиновски
Полициската единица за специјални задачи „Тигар“ ќе биде опремена, како никогаш досега, со врвна технологија што ја користат најсилните светски полиции. Опремувањето ќе чини по околу 15.000 евра по припадник на единицата.
Тендерот за опремата заврши завчера, а денес биле отворени понудите во канцеларијата на Европската агенција за реконструкција (ЕАР) во Скопје, која е финансиер. Оттаму потврдуваат дека има тендер за специјалните полициски единици, но одбија да дадат други детали бидејќи тендерот не е целосно завршен.
Според нашите извори, опремата чини околу 700.000 евра. Сепак, вистинската вредност на опремата ќе се знае по завршувањето на тендерот, кога ќе се изберат најповолните понуди.
Во МВР не сакаа ништо да коментираат за опремувањето на „тигрите“.
„Време“ од свои извори ја доби комплетната тендерска документација.
Во неа се наведува дека припадниците на специјалната полициска единица ќе добијат балистички штитови и шлемови. Потоа се бара опрема што досега не била користена од нашата полиција, како на пример хидраулична разбивалка на врати, фибероптичка камера (камера во форма на кабел, која служи за снимање тешкодостапни места).
„Тигрите“ ќе добијат и ласерски нишани за пиштолите марка „глок“, за чија набавка „Време“ пишуваше пред неколку месеци.
Дванаесет елитни специјалци ќе добијат и комплетна нуркачка опрема со компјутер за длабочина и ехо-сонар.
Полициските специјалци ќе располагаат и со врвна телекомуникациска опрема, како мобилен репетитор и антена за праќање и испраќање гласови и податоци. Особено интересен е крипто-модемот, со кој единицата ќе може да праќа и да прима заштитени пораки.
Европската Унија ќе ги снабди „тигрите“ и со осум возила и два мотоцикли. Станува збор за две комбиња за опрема, оружје и муниција, едно комби за набљудување, едно за командантот на единицата и шест автомобили за следење.
ТОНИ МАНДАРОВСКИ ПОВТОРНО КОМАНДАНТ НА ПОЛИЦИСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ
Поранешниот командант на единицата за специјални задачи „Тигар“, Тони Мандаровски, деновиве е повторно поставен за прв човек на оваа единица.
Официјално МВР ја потврди промената, со образложение дека „тоа било решено поради внатрешните потреби на Министерството“.
Досегашен командант бил Тони Станковски, правник по професија.
Мандаровски бил припадник на „тигрите“ од нивното основање во 1992 година. До мај 2001, тој бил командант на единицата, а бил разрешен од тогашниот министер Љубе Бошковски поради неизвршување наредба.
Тогаш МВР информира дека Мандаровски и неговиот заменик Ванчо Новковски одбиле да изведат акција во кумановското село Ваксинце и ги оставиле другите единици на МВР и „Волците“ од АРМ сами да го расчистуваат теренот од оружје и терористи. Против нив била поведена и постапка за дисциплинска одговорност.
Два месеца подоцна МВР поднеле и кривична пријава за измама во службата против Мандаровски. МВР го товарело за измама тешка 18.000 евра. Се до јули годинава траела истрагата за случајот.
– На 4 јули се откажавме од таа пријава затоа што немаше докази против осомничениот – изјави за „Време“ Стерјо Зиков, скопски обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

