Регион
Бурен дијалог меѓу Белград и Приштина во Брисел
Премиерите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Иса Мустафа ја повториле својата посветеност кон примената на сите договори кои беа постигнати во Брисел, соопштија во вторникот вечерта од кабинетот на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, додека пак српските медиуми пренесуваат дека Вучиќ „бурно реагирал за време на состанокот“, потенцирајќи дека Србија се држела до својот збор, но дека сите останати не ги исполниле своите обврски.
Премиерите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Иса Мустафа ја повториле својата посветеност кон примената на сите договори кои беа постигнати во Брисел, соопштија во вторникот вечерта од кабинетот на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, додека пак српските медиуми пренесуваат дека Вучиќ „бурно реагирал за време на состанокот“, потенцирајќи дека Србија се држела до својот збор, но дека сите останати не ги исполниле своите обврски.
Во соопштението од кабинетот на Могерини, која ги повика двајцата премиери на неформални средби во седиштето на ЕУ, се вели дека Вучиќ и Мустафа „отворено разговарале за моменталната состојба во дијалогот меѓу Белград и Приштина“, по претходните најави дека на состанокот ќе се расправа за досегашниот напредок во меѓусебниот дијалог и идните чекори во спроведувањето на бриселскиот договор.
Белградски Блиц, пак, тврди дека во Брисел „паднале тешки зборови меѓу српскиот премиер Вучиќ и косовскиот вицепремиер Хашим Тачи“.
„Немојте повеќе да говорите за поглавјата. Доколку сакате да ги отворите добро, ако не сакате, не морате“, рекол Вучиќ на неформалниот состанок со шефицата на дипломатијата на ЕУ и косовскиот премиер.
Вучиќ пред состанокот во Брисел прецизирал дека темата на разговорите секако не може да биде платформата од 36 точки за преговарчкото поглавје 35, кое се однесува на прашањето за Косово, туку дека со Мустафа ќе разговара околу продолжувањето на разговорите.
Српскиот премиер претходно оценил дека заедничката преговарачка платформа за поглавјето 35, документ кој беше изработен од страна на Европската комисија и доставен од претставниците од земјите членки, содржи низа ставки кои го прејудицираат статусот на Косово и се насочени против српските национални интересни, односно „тие за Србија се полошо решение од формалното признавање на независноста на Косово“.
По состанокот во Брисел, Блиц, повикувајќи се свои извори, тврди дека Вучиќ рекол оти „Србија се држи до својот збор, но сите останати не ги исполниле своите обврски“, и потсетил дека косовската влада се уште не донела удредба за формирање на Заедницата на српски општини, а дека договорот за катастарот, уште од 2011-та година воопшто не започнал да се применува.
Вучиќ исто така оштро ги осудил неодамнепните апсења на Срби на југот на Косово, и обидите за зачленувањето на Косово, без знаење на Србија. Блиц додава дека „разговорите биле тешки“ и дека дошло и до вербален судир меѓу Вучиќ и Тачи. Српскиот весник исто така наведува дека за германскиот амандман за преговарачкото поглавје 35, за два до три дена ќе има разговори меѓу државниот врв на Србија.
Директорот на канцеларијата на српската влада за Косово, Марко Ѓуриќ во вторникот пред состанокот во Брисел изјавил дека дополнително се влошуваат условите за евроинтеграцијата на Србија и дека се врши притисок земјата директно или пак индиректно да ја признае независноста на Косово.
„Предлагач на амандманот е Германија, а тој е поддржан и од Велика Британија и Хрватска“, рекол Ѓуриќ пред состанокот со Вучиќ и дијалогот меѓу Белград и Приштина, наведувајќи дека вестите од Брисел „очигледно не се поволни, ниту пак добри“.
„По сите лоши вести кои можевме да ги слушнеме претходните денови, во врска со платформата и поглавјата 35, денес сме информирани дека постои и амандман кој дополнително ни го отежнува продолжувањето на евроинтеграциите низ платформата за поглавјето 35, чиј предлагач е Германија, а амандманот е поддржан од Велика Британија и Хрватска“, рекол Ѓуриќ, нагласувајќи дека „ЕУ треба отворено да каже дали ја сака Србија во Унијата или пак не“.
Според претходно направени планови пак, Вучиќ и Мустафа следниот месец би требало повторно да се состанат во Брисел, во вообичаениот формален формат на бриселскиот дијалог./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Регион
Вучиќ: Ние сме големи губитници, изгубивме инвестиција од 750 милиони евра
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментира за актуелните теми вклучувајќи ја и веста дека компанијата на зетот на претседателот на САД, Доналд Трамп, Џаред Кушнер, одлучила да се повлече од проектот за изградба на луксузен хотелски и станбен комплекс, планиран на местото на бомбардираниот Генералштаб во центарот на Белград.
„Сè што се случи во врска со Генералштабот, се гордеам со сите што учествуваа во обидот да се донесе толку голем инвеститор, а со кампањата и ловот што се водеше против инвеститорот успеавме да го уништиме сето тоа“, рече Вучиќ, објави „Телеграф“.
Тој рече дека се чини оти „е потребно да се оцрни сè, да се уништи Србија, да се остави без инвеститори, струја и плати“.
„Оваа приказна денес станува само афера, како држава и народ сме големи губитници, изгубивме инвестиција од 750 милиони евра, а блокадите ни предизвикаа штета од вкупно една и пол милијарда. Штетата предизвикана на Србија е огромна. Сега ќе имаме срушена зграда од која паѓаат тули, а никој веќе нема да ја допре“, рече тој.
Тој се осврна и на Обвинителството за организиран криминал во Србија, кое вчера поднесе обвинение против министерот за култура Никола Селаковиќ и уште три лица за злоупотреба на службената должност и фалсификување документи во врска со овој луксузен проект за недвижности.
„Ние Србите сме мајстори за пропуштени можности, само за да му умре кравата на нашиот сосед на кој било начин. Јас лично ќе поднесам кривични пријави против сите што учествуваа во оваа потера и уништување на инвестицијата, и од Обвинителството и од полицијата“, најави тој.
Вучиќ нагласи дека „како одговорен човек, жал му е што изгубиле инвестиција од 750 милиони евра“ и дека сега „некој измислен проект во Албанија ќе го привлече целото внимание на светот“. Вучиќ истакна дека во соопштението од компанијата на Кушнер се наведува оти се повлекуваат од проектот „за да не се подели народот“.
„Што очекувавте луѓето да напишат? Дали очекувавте: „Се повлекуваме затоа што таму има идиоти што не сакаат инвестиција од 750 милиони евра и кои уживаат гледајќи како урнати згради пред 26 години остануваат такви и во следните 100 години? Дали очекувавте да кажат дека таму има идиоти што не сакаат американски инвестиции? Секако дека не“, рече Вучиќ.
„Тие логично рекоа: ‘Очекувавме сите да ни бидат благодарни, очекувавме тоа да ги обедини луѓето, луѓето да бидат ентузијастични. Но, таму, знаете, има некои што не се ентузијастични, туку, напротив, читаат меѓу редови, некои што не разбираат што е држава, што е народ или кои се интересите на граѓаните на Србија и беа против тоа“, додаде Вучиќ.
За потсетување, на почетокот на годината беше објавено дека инвестициската компанија „Афинити партнерс“, кооснована од Кушнер и милијардерот од Обединетите Арапски Емирати, Мохамед Алабар, планирала да изгради луксузен хотелски и станбен комплекс „Трамп“ на местото на Генералниот штаб на поранешната Југословенска народна армија, уништен во бомбардирањето на НАТО во 1999 година.
Од минатата година српската јавност расправа за правната основа за отстапување на просторот на тешко оштетениот Генералштаб, кој има статус на културно богатство, на странска компанија.
Инсистирајќи на тврдењето дека овој проект е во интерес на државата и нејзиниот главен град, што особено го туркаше Вучиќ, владејачката партија во српскиот парламент донесе посебен закон со кој се дозволува градење во населба чии делови имаат статус на заштитено културно добро поради нивната архитектонска вредност.
По донесувањето на овој закон, следуваше афера со фалсификување на одлуката во Републичкиот завод за заштита на спомениците за бришење на зградите на поранешниот Генералштаб и Министерството за одбрана од регистарот на недвижни културни добра.
фото/депозитфотос

