Свет
Загина шефот на мисијата на ОН во Хаити
Водачот на мисијата на Обединетите нации на Хаити, Хеди Анаби од Тунис, најверојатно е жртва на земјотресот кој го погоди Хаити, а со него и сите лица кои во моментот на потресот се затекнале во зградата на ОН, објави во среда францускиот шеф на дипломатијата Бернар Кушнер.
Водачот на мисијата на Обединетите нации на Хаити, Хеди Анаби од Тунис, најверојатно е жртва на земјотресот кој го погоди Хаити, а со него и сите лица кои во моментот на потресот се затекнале во зградата на ОН, објави во среда францускиот шеф на дипломатијата Бернар Кушнер.
Од одредени земји чии војници биле во составот на мисијата на ОН на Хаити, најсиромашната држава на западната хемисфера, исто така стигнуваат вести за загинати, јавуваат агенциите.
„За жал, зградата на ОН се урна и најверојатно загинаа сите кои се затекнале во неа, а меѓу нив е и мојот пријател Анаби“ рече Кушнер во Париз.
Анаби, туниски дипломат ја презеде должноста на Хаити на 1 септември 2007 година, а претходно беше помошник на главниот секретар на ОН за мировни операции (1997 – 2007).
Генералот Алберто Барцелос објави дека на Хаити загинаа четворица бразилски војници, а пет бразилски војници се повредени, додека дел од војниците се сметаат за исчезнати.
Со 1.266 свои војници, Бразил е меѓу државите кои имаат најголем контингент во мировната мисија на Хаити.Претходно Јордан, кој има околу 1.497 свои војници во мисијата при ОН објави дека тројца негови војници загинале, а 21 мировник е ранет.
Силите на МИНУСТАХ имаат околу 11.000 луѓе, од кои 7.000 војници и 2.000 полицајци. МИНУСТАХ во Хаити пристигна во 2004 гдина, по судирите на вооружените банди сои со помош на распуштените војници го протераа од земјата избраниот претседател. /крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos

