Црна хроника
Еден загинат и петмина повредени во судир во Кисела Вода
Едно лице загина, а уште петмина се поведени во сообраќајка што се случи во петокот вечерта околу 23.30 часот кај Стара рампа, во скопската населба Кисела Вода.
Во несреќата се судриле автомобил „лада“ со скопски регистерски ознаки и патничко комбе „форд транзит“ со белградски регистерски ознаки.
Во сообраќајката на лице место загинал триесет и едногодишниот Мирче, возач на автомобилот, а со тешки телесни повреди се здобил неговиот деветнаесетгодишен сопатник.
Со телесни повреди се здобил возачот на комбето и уште тројца сопатници од комбето.
Тешко повредениот е пренесен во Ургентен центар, додека полесно повредените во градската болница „Наум Охридски“.
Автомобилот е речиси целосно оштетен, а телото на починатиот го ваделе пожарникари./крај/ффс
Извор: Фото:Курир
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

