Скопје
Асфалтиран локалниот пат Кадино-Миладиновци
Локалниот пат Кадино-Миладиновци е целосно асфалтиран, а за прв пат се поставени и сообраќајни столбчиња за одбележување на патот кои придонесуваат за поголема безбедност во сообраќајот.
Општина Илинден во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши комплетна рехабилитација на локалниот пат Кадино-Миладиновци во должина од 2,7 метри и широчина од шест метри.
Покрај новиот асфалт со рехабилитацијата е опфатено и уредување на одводнувањето на атмосферските води, изградени се банкини од двете страни на патот, а поставена е и нова хоризонтална и вертикална сигнализација. За прв пат на оваа делница од патот поставени се и сообраќајни столбчиња за одбележување на патот кои придонесуваат за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот особено во вечерните часови.
„Локалниот пат Кадино-Миладиновци е од исклучително значење за граѓаните на Општина Илинден бидејќи ги поврзува шесте населени места (Илинден, Марино, Кадино, Мралино, Ајватовци и Бунарџик) со останатите шест населени места (Миладиновци, Бујковци, Мршевци,Бучинци, Текија, и Дељадровци) и претставува главна патна артерија, преку која жителите од сите 12 населени места во општината секојдневно транзитираат“, велат од Општина Илинден.
За реализација на овој проект се вложени 16.5 милиони денари.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




