Македонија
НВО:Притисоци, негативна кампања и еднострано известување во предизборието
Притисоци од страна на политичките партии врз Државната изборна комисија, негативна политичка кампања и еднострано известување кај медиумите.
Притисоци од страна на политичките партии врз Државната изборна комисија, негативна политичка кампања и еднострано известување кај медиумите.
Ова се главните забелешки во извештајот за работата на изборната администрација, политичките кампањи и известувањето на медиумите во предизборниот период, кој што го спроведе Македонскиот центар за меѓународна соработка, Институтот за демократија и Македонскиот институт за медиуми.
Работата на Државната изборна комисија се оценува како јавна и транспарентна, но според овој извештај членовите на ДИК се изложени на притисоци од страна на политичките партии.
„И двете политички партии изразуваат недоверба кон членовите на Државната изборна комисија кои се предложени од спротивставената политичка опција. Работата на ДИК при дискутирање и решавање за прашања кои директно ги засегаат истите политички партии се карактеризира со политизираност и пристрасност кон партиите од кои членовите се предложени. Исто така праксата на одржување на затворени, т.н работни средби на кои што не се во можност да присуствуваат набљудувачите и медиумите сметаме дека треба да се напушти и треба да се отворат сесиите на ДИК со што би се оставила можност сите да присуствуваат“ изјави Владимир Мисев од Институтот за демократија.
Кратките рокови и законските празнини за гласање во странство според Мисев, создадоа низа проблеми при организацијата на ДИК за гласањето на дијаспората.
Политичката кампања, според овој извештај, се води во силно поларизиран политички амбиент. Кампањата е оценета како негативна, но кај предизборните инциденти во кои се уништува рекламен материјал нема раширеност и масовност.
„Негативната кампања доминира во предизборниот период. Говорот на омраза се појавува во поретки случаи меѓутоа поларизираната атмосфера резултира со честа употреба на несоодветни квалификации на противниците, но и заплашување на гласачите. Главна тема на митинзите на сите политички партии претставува економијата“ вели Мисев.
Според досегашните финансиски извештаи, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потрошила десеткратно повеќе средства од главниот опонент, коалицијата предводена од СДСМ.
Во голем дел од мониторираните медиуми, седум телевизии и шест весници, се забележани прекршувања на професионалните стандарди, доминираат меѓупартиските, но и конфронтациите меѓу самите медиуми.
Невладините евидентирале суптилни, но и експлицитни форми на фаворизирање или критикување на одредена политичка опција. Според извештајот, медиумите користат различни алатки за изразување на претерана поддршка или критика, преку зголемено присуство на ударните страници на весниците со текст, со насловна конструкција и со фотографија, преку позиционирање на прилозите на почетокот на вестите, без консултирање на другата страна, ниту пак, обезбедување на спротиставени гледишта.
„Едностраното известување речиси станува практика во медиумското известување за кампањата. Евидентирани се примери на злоупотреба на медиумот за пресметка со личности и колеги новинари, со што е нарушен принципот на чување на угледот и достоинството на новинарската професија. Повеќето радиодифузни медиуми не се придржуваат кон стандардите за немешање на фактите со личните ставови на новинарот или уредникот“, вели Весна Никодиновска од МИМ.
Според извештајот, најочигледни примери на претерано фаворизирање и тенденциозно критикување се забележуваат кај телевизиите Сител и А1, подеднакво, како и кај весниците „Време“ и „Вечер“, подеднакво.
Овој извештај на невладините организации е првичен, а финалниот извештај ќе биде објавен во текот на јуни и ќе вклучува оценка за изборниот процес. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.
Македонија
(Фото) Пронајдена ретка неексплодирана граната од Првата светска војна во Богданци
Денеска е пријавено од СВР Гевгелија дека во Општина Богданци, в0 индустрискиот дел на Општината е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС).
Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) стручно лице, пиротехничарот Зоран Пеев, веднаш излегол на лице место и утврдил дека се работи за ретка минофрлачка граната од 70 mm што е НУС од Првата светска војна.
По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

