Спорт
Крцка столчето на Бенитез

Само една победа во последните четири меча во Калчото, и поразот од градскиот ривал Милан се чини ја прелеваат чашата на незадоволството во управата на Интер, од начинот како Рафаел Бенитез ја води екипата. Во изјава за медиумите по поразот од Милан, Бенитез побара да купи време за санација на играта на екипата, велејќи дека Интер ќе покаже друго лице по зимскиот преоден рок, алудирајќи на потреба од промени во играчкиот кадар. Претседателот на клубот Масимо Морати нема намера да чека до зимата. „Интер има играчи за успешно да се носи со сите екипи. Да се загуби дерби се случува, но не ми се допадна начинот на кој влеговме во игра. Не е проблем што Милан не напаѓаше, проблем е што ние не ја играме нашата игра“ изјави Морати. Преведено на попрост јазик за Морати проблемот е во тренерот, а не во играчите. За Бенитез постои само една опција. Веднаш да почне да победува во спротивно гласините во јавноста за подготвениот отказ нема веќе да бидат гласини. Прв колоквиум е неделниот меч против Киево на гости, а втор во Милано со Парма. Од овие два теста многу зависи дали Бенитез ќе се пријави во заводот за вработување или ќе остане во редовите на европскиот првак. крај/а.п/.м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Марсеј го сруши клупскиот рекорд – Паишао пристигна на „Велодром“

Бразилскиот фудбалер Игор Паишао (25) стана највредното засилување во историјата на Олимпик Марсеј.
Клубот од југот на Франција му плати на Феенорд 35 милиони (30+ бонуси) за поранешниот играч на Коритиба.
Паишао пристигнува во Марсеј по три одлични сезони во дресот на клубот од Ротердам, со кој освои и една титула во холандското првенство.
Зад себе има брилијантна сезона и неколку одлични натпревари во Лигата на шампионите, кога го привлече вниманието на голем број клубови. Вкупно, минатата сезона постигна 18 голови и имаше 14 асистенции во 47 натпревари во сите натпреварувања.
Лидс исто така беше заинтересиран за него, но на крајот Паишао се одлучи за познатиот француски клуб од „Велодром“.
Спорт
62.000 луѓе го гледале првиот меч во германската Втора лига

Фудбалерите на Шалке ја победија Херта со 2:1 во првиот натпревар од новата сезона на второто најсилно натпреварување во Германија.
Навивачите не разочараа ниту овој пат, без разлика дали поради фактот што беше прво коло, или поради повикот на дербито, иако е само прво коло, овој дуел најверојатно ќе остане еден од најпосетените оваа сезона во Германија, не само во Втората туку и во првата Бундес лига.
Официјално, натпреварот во Гелзенкирхен на „Велтинс Арена“ го гледаа 62.271 навивач.
Schalke 04 at home to Hertha BSC tonight! 🇩🇪 pic.twitter.com/oq7D0eDO6V
— 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 (@thecasualultra) August 1, 2025
Големиот интерес на фудбалските фанови за натпреварите во Цвајта, секако, не е ништо ново. Од година во година, бројот на навивачи на трибините во Втората лига само расте, а оваа сезона би можела да ги надмине рекордните бројки од претходната.
Имено, во натпреварувачката сезона 2024/2025, натпреварите во просек ги гледале 30.493 гледачи, што е зголемување од шест отсто во споредба со претходната сезона.
Шалке победи со 2:1 со головите на Муса Сила и Никола Катиќ. Голот за тимот од Берлин го постигна Себастијан Гренинг.
Спорт
Легендата Сон го напушта Тотенхем

Капитенот на Тотенхем, Сон, потврди дека го по 10 години ќе го напушти клубот.
Во последните недели се шпекулираше за неговото заминување, а сега капитенот на Тотенхем на прес-конференција за време на азиската турнеја потврди дека го напушта северен Лондон.
„Дојдов во Тотенхем како момче, имав 23 години, дури и не зборував англиски, а си заминувам како возрасен човек во многу горд момент. Ова беше една од најтешките одлуки што сум ги донел. Решив да си заминам ова лето“, рече Сон.
Сон е дефинитивно една од најголемите легенди на клубот, помина цела деценија во Тотенхем, одигра 454 натпревари, постигна 174 гола и регистрираше 101 асистенција.
Според информациите, Сон ги отфрлил понудите од Саудиска Арабија, како и поканата на Жозе Мурињо да се пресели во Фенербахче, а неговиот следен клуб ќе биде Лос Анџелес.
Бројни сигурни извори потврдија дека Сон е во завршни преговори и дека би можел да отпатува за да го потпише договорот во текот на следната недела.