Спорт
Партизан фаќа приклучок

Во групите од Евролигата одиграни се неколку средби од 5 коло. Во А групата во Белград, Партизан успеа да го победи конкурентот за пласман во втората рунда екипата на Каха Лаборал со 74:71. Со серија од 16:2 во последните пет минути од средбата Партизан успеа поразот да го претвори во победа. Џејмс Гист постигна дабл дабл за црно-белите со 14 поени и 11 скокови, а Џавај Натан имаше 13 поени и 8 скокови. Во гостинскиот тим од Шпанија под палката на Душан Ивковиќ, најефикасен беше Станко Барач со 17 поени. Од оваа група вечерва играат Макаби – Асеко Проком и Жалгирис – Кимки. Во групата Б се одиграа два меча. Лотоматика во Рим загуби од Олимпијакос со 71:86. Во грчкиот тим најефикасни беа Јанис Бурусис (16 п.) и Милош Теодосиќ (15 п.), а кај Римјаните Андреа Кросариол (17 п.). Нашиот Дариус Вашингтон имаше скромен ефект од 9 поени. Шарлроа го изненади Реал Мадрид и го совлада со 67:49. Ова беше уште еден пораз на славниот Реал, но тимот на Еторе Месина се посрами со само 49 постигнати поени на средбата, а во двата тима ниту еден играч не успеа да постигне повеќе од 14 поени. Во последната средба од оваа група Брос Баскетс игра со Уникаха. Во групата Ц се одиграа сите три мечеви. Монтепаски со 76:67 ја совлада Регал Барса, а најефикасен беше нашиот Лестер Бо Мекејлеб со 21 поен, притоа подели и две банани. Литвос Ритас ја декласира Цибона со 90:62, а Шоле го победи Фенер Улкер со 76:67. Во групата Д Унион Олимпија извојува победа над Валенсија со 72:68. Влатко Илиевски постигна само 8 поени, а ниту еден од трите обиди за тројка не заврши во кошот. Во денешните мечеви играат Ефес – ЦСКА и Армани – Панатинаикос. .крај/макфакс/мн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.