Контакт

Свет

Воениот совет на Египет го смени изборниот закон

Објавено пред

Врховниот совет на вооружените сили на Египет, кој управува со земјата од повлекувањето на поранешниот претседател Хосни Мубарак, ги одобри измените на законот за парламентарните избори, на што повикуваа политичките партии.

dobivaj vesti na viber

Врховниот совет на вооружените сили на Египет, кој управува со земјата од повлекувањето на поранешниот претседател Хосни Мубарак, ги одобри измените на законот за парламентарните избори, на што повикуваа политичките партии. Текстот на измените и дополнувањата се објавени во неделата во египетските медиуми, кои го акцентираат изменувањето на членот пет од законот, според кој една третина од пратеничките места се распределени на независни кандидати кои не се членови на политички партии. Тие треба да бидат избрани во едномандатните региони, односно оние кои даваат еден пратеник. Според новиот закон, од овие изборни единици кои даваат еден пратеник, ќе можат да се кандидираат, како независни каднидат, така и партиски кандидати. Според политичките партии, старата верзија на законот овозможуваше враќање во парламентот на нивните главни противници – претставниците на Националната демократска партија, која беше распуштена по судски налог. Фактот дека многу претставници на поранешната владејачка партија го задржаа влијанието во разни делови од Египет, даваше можност тие повторно да влезат во парламентот како независни кандидати. Покрај тоа, според новите измени, воведени се строги казни за нарушувањето на текот на гласањето. На пример, кривичните дела како што се мито или заплашување на гласачите, кражба, оштетување или упад со гласачките ливчиња, ќе се казнува со затвор од една до пет години. Првите парламентарни избори во Египет по соборувањето на режимот на поранешниот претседател Хосни Мубарак, ќе започнат на 28 ноември. Регистрацијата на кандидати започнува во среда, на 12-ти октомври. По завршувањето на изборите, египетскиот парламент ќе формира комисија која ќе го подготви новиот устав. После тоа, мора да се проведе референдум за прифаќање на новиот устав и да се спроведат претседателски избори. Откако ќе биде избран и верификуван мандатот на новиот претседател, армијата на Египет ќе биде должна да го предаде целосното цивилно управување со земјата во рацете на политичките власти./крај/аа/рн/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Египет: Златна нараквица стара 3.000 години продадена и стопена за 3.400 евра

Објавено пред

Од

Само неколку дена откако египетските власти објавија дека ретка златна нараквица стара 3.000 години исчезнала од лабораторијата за реставрација во Египетскиот музеј во Каиро, полицијата објави дека потрагата завршила трагично.

dobivaj vesti na viber

Според CBS News, ретката нараквица била украдена од вработена во музејот која ја продала за помалку од 4.000 долари (3.406 евра), а потоа била стопена и засекогаш изгубена.

Министерството за внатрешни работи на Египет вчера објави дека четири лица се уапсени во врска со исчезнувањето на нараквицата.

Нараквицата била украдена од сефот во лабораторијата на 9 септември од страна на вработена во музејот.

Потоа таа ја дала нараквиците на познаник кој поседува продавница за сребро во Каиро, според CBS News, кој потоа ја продал на златар за речиси 3.800 долари (3.236 евра). Сопственикот на продавницата потоа го продал предметот на друг златар за околу 4.000 долари, кој ја стопил нараквицата и ја преобликувал во друг златен накит.

Прикажи повеќе...

Свет

Три руски воени авиони влегоа во естонскиот воздушен простор, реагираше НАТО

Објавено пред

Од

Воздушниот простор на Естонија, членка на НАТО, денес беше нарушен од три руски воени авиони, објави владата на земјата, во услови на сè понапнати околности на источното крило на алијансата.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случи нешто повеќе од една недела откако повеќе од 20 руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор во ноќта меѓу 9 и 10 септември, од кои некои мораа да бидат соборени од авиони на НАТО. Западните претставници во тоа време проценија дека Русија ја тестира подготвеноста и решителноста на алијансата.

Талин соопшти дека три борбени авиони МиГ-31 влегле во естонскиот воздушен простор без дозвола и останале таму вкупно 12 минути.

„Русија веќе четири пати го наруши естонскиот воздушен простор оваа година, што само по себе е неприфатливо, но денешното нарушување, за време на кое три борбени авиони влегоа во нашиот воздушен простор, е невидено дрско“, рече министерот за надворешни работи Маргус Цахна.

„На зголеменото тестирање на границите и агресивноста на Русија мора да се одговори со брзо зголемување на политичкиот и економскиот притисок“, додаде тој.

Естонската војска потврди дека руските борбени авиони биле пресретнати од италијански авиони Ф-35 со седиште во Амарија, Естонија, како дел од мисијата за воздушен надзор над Балтичкото Море.

Естонските власти изјавија дека поднеле протест до највисокиот дипломат на земјата.

Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, исто така, издаде соопштение, потврдувајќи дека НАТО реагираше на инцидентот и пресретна руски борбени авиони:

„Порано денес, руски авиони го нарушија естонскиот воздушен простор. НАТО реагираше веднаш и го пресретна рускиот авион. Ова е уште еден пример за неодговорно руско однесување и способноста на НАТО да одговори.“

Прикажи повеќе...

Свет

Ким Џонг-ун на тестирање на борбени беспилотни летала- повикува на развој на вештачка интелигенција

Објавено пред

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун присуствуваше на тестирањето на борбени беспилотни летала и охрабри истражување за употреба на вештачка интелигенција за воени цели, објави денес државната новинска агенција КЦНА.

dobivaj vesti na viber

Експертите проценуваат дека таквиот развој на севернокорејскиот арсенал несомнено е поврзан со воената соработка со Русија, обележана со испраќање севернокорејски војници да се борат заедно со руските сили во војната против Украина.

„Тој тест јасно ја покажа извонредната борбена ефикасност на тактичките борбени беспилотни летала на Пјонгјанг“, додаде агенцијата. За Ким Џонг-ун, овие авиони претставуваат висок приоритет и најважна задача во модернизацијата на севернокорејската армија.

Севернокорејскиот лидер, исто така, повика на брз развој на неодамна воведената технологија за вештачка интелигенција и проширување и зајакнување на капацитетот за масовно производство на беспилотни летала, додаде КЦНА. Државните медиуми го објавија развојот на борбени беспилотни летала минатата година.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) 13 лица приведени по масовна тепачка пред Градската општа болница во Прилеп

Полицијата попладнево морала да интервенира во кругот на прилепската болница „Борка Талески“. По масовната тепачка што се случила пред општата...

Македонија6 часа

Шест лица завршија во болница по труење со храна на семинар во Куманово, развиле температура до 41 степен, повраќање и дијареа

Шест лица завршија со симптоми на труење по семинар одржан на 11 септември во ресторан во Куманово, соопшти Центарот за...

Македонија7 часа

(Видео) Либералите бараат воведување електронска белезица за насилниците: „Трагедијата на Росица да биде последна“

Либерално-демократската партија предлага воведување електронска белезица за насилниците по двојното убиство во Велес кога Илија, поранешниот партнер на Росица, ги...

Македонија8 часа

Под истрага четири лица, меѓу кои татко и ќерка за Трубарево – непрописно ги складирале батериите и тонерите, што ги загадија почвата и воздухот

Скопското Обвинителство отвори истрага против четири лица и една фирма поради загрозување на животната средина. Се сомничи дека во фирмата...

Македонија10 часа

Поврзаноста не се мери во „допаѓања“, туку во љубов и присуство, порача Ѓорге Иванов на Конгресот на религии во Казахстан

Во периодот од 15 до 18 септември, поранешниот претседател на Република Македонија (2009 – 2019), Ѓорге Иванов, учествуваше на осмиот...

Македонија10 часа

„По Апасиев и Мециновиќ, и Мојсоска си инкасирала пари од партијата додека критикувала за патни трошоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Јована Мојсоска по примерот на нејзините сопартијци, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ, инкасирала големи суми на пари од партијата. Додека...

Македонија10 часа

Два активни пожара во Гази Баба и во Гевгелија, под контрола пожарот на „Дрисла“

Во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Според податоците на Центарот за управување со кризи, до...

Македонија10 часа

Стразбур ќе одлучува за струшката депонија: пример за домашните судови во борбата против загадувањето

Судот во Стразбур во наредниот период треба да расправа за депонијата во Струга, која го „труе“ градот. Неговата одлука ќе...

Европа11 часа

Путин го разреши заменик-шефот на администрацијата

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј Козак од функцијата заменик-шеф на руската претседателска администрација со декрет. Декретот од една...

Свет12 часа

Германскиот канцелар: Tреба да одлучам дали да ги поддржам санкциите кон Израел

Германија ќе донесе одлука дали да ги поддржи санкциите на Европската Унија против Израел пред состанокот на Европската Унија во...

Свет12 часа

(Видео) Трамп го нападна градоначалникот на Лондон: „Тој е меѓу најлошите во светот“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сакал градоначалникот на Лондон, Садик Кан, да присуствува на државниот банкет во Велика...

Европа12 часа

МИ6 ќе бара нови шпиони на темната мрежа

Британските шпиони ќе ја користат „темната мрежа“ за регрутирање информатори и добивање класифицирани информации од агенти во Русија и низ...

Македонија22 часа

Побаран притвор за четири лица за пожарот на отпадот во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе наредба за спроведување...

Свет1 ден

(Видео) Масовни протести во Франција: Уапсени 140 демонстранти, повредени осум полицајци

Според најновиот извештај на француското Министерство за внатрешни работи, 140 лица се уапсени низ целата земја, од кои 75 се...

Македонија1 ден

Злоупотреби со регистрација на половни возила: 11 осомничени, меѓу нив и вработена во МВР

Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при МВР, поднесе кривични пријави...

Топ1 ден

Инцидент кај Петровец – нападнато возило на пожарникари, напаѓачот им се заканувал

Во полицијата било пријавено дека вчера кај наплатната рампа Петровец, лице упатувало закани кон пожарникари кои се движеле со службено...

Економија1 ден

Меѓународен ден на еднакви плати: жените во Македонија сè уште заработуваат помалку од мажите

Денеска, светот го одбележува Меѓународниот ден на еднакви плати, кој потсетува на потребата од еднакви можности и фер однос на...

Македонија1 ден

Над 500 административци од Скопје денес ги почнаа тренинзите за поголема професионалност, етика и транспарентност

Министерството за јавна администрација, денеска, го одржа првиот дел од најголемата програма за професионален развој на административни службеници во историјата...

Македонија1 ден

Концентрациите на ПМ 10-честичките во зоната на Трубарево се во рамките на дозволените граници, објави Министерството за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.9.2025 (9.30 часот) до 18.9.2025 (9.30 часот) беа...

Македонија1 ден

(Фото) На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит...