Свет
APEC ја поддржа Кина за ширењето на слободната трговска зона
Земјите членки на Организацијата за азиско-пацифичка економска соработка (APEC) ја поддржаа поддршка за рамката за либерализација на трговијата којашто силно ја заговара Кина, пишуваат агенциите во вторникот повикувајќи се на соопштението подготвено на меѓувладиниот форум составен од 21 држава и повеќе региони.
Земјите членки на Организацијата за азиско-пацифичка економска соработка (APEC) ја поддржаа поддршка за рамката за либерализација на трговијата којашто силно ја заговара Кина, пишуваат агенциите во вторникот повикувајќи се на соопштението подготвено на меѓувладиниот форум составен од 21 држава и повеќе региони.
Членките на APEC ќе пристапат кон постапно проширување на областите на слободната трговија на пацифичките земји (FTAAP) на основа на консензус, се додава во соопштението по дводневниот самит на кој во Пекинг се сретнаа многу светски челници.
„Ние во APEC се согласивме за насоките кои би требало да го отворат патот на создавање азиско-пацифичка зона на слободната трговија“, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг, оценувајќи дека почетокот на процесот на FTAAP, регионалната економска интеграција, како „историска етапа“.
Процесот FTAAP, кој ја има големата поддршка на Пекинг, некои ја сметаат за начин да се сврти вниманието од Транспацифичкото партнерство (TРР), вториот договор за трговија кој го туркаат САД, но кој ја исклучува Кина.
„Се согласивме дека APEC би требало да игра поважна и позначајна улога како инкубатор кој FTAAP од визија би го претворил во стварност“, се истакнува во заедничката декларација. Во не се истакнува, исто така, дека FTAAP ќе биде реализиран надвор од процесот APECкој би требало да ги задржи своите принципи на необврзувачка доброволна соработка и на тој начин да придонесе за ширењето на областите на слободната трговија на земјите во Пацификот.
Економиите на земјите членки на APEC претставуваат 57 отсто од светскиот бруто домашен производ (БДП) и 44 отсто од меѓународната трговска размена./крај/мф/сн
Извор: AFP/Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ердоган ветува поддршка за сирискиот народ по падот на Асад
По пауза од 12 години, Турција повторно ја отвори својата амбасада во сирискиот главен град Дамаск. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја ќе го поддржи сирискиот народ во процесот на обновување и закрепнување, оценувајќи дека Турција ќе продолжи да биде клучен фактор за стабилност во регионот.
На провинцискиот конгрес на Партијата на правдата и развојот, Ердоган истакна дека сирискиот народ извојувал значајна победа со соборувањето на режимот на Башар ал Асад. Потсети и дека Турција пред 13 години ги отворила своите граници за милиони бегалци од Сирија, обезбедувајќи засолниште за околу четири милиони луѓе кои побегнале од конфликтот.
„Турција останува како остров на стабилност среде хаосот и превирањата во регионот“, рече Ердоган, истакнувајќи ја улогата на неговата земја во решавањето на регионалните кризи.
Денеска, турското знаме повторно се вее пред зградата на амбасадата во Дамаск, лоцирана во дипломатскиот кварт. За привремен вршител на должност на амбасадор е назначен Бурхан Короглу, кој досега беше амбасадор на Турција во Мавританија.
Амбасадата на Турција ја прекина својата работа на 26 март 2012 година, поради влошувањето на односите меѓу Анкара и режимот на Асад, но со денешното отворање, активностите се официјално обновени.
Економија
Јавниот долг на Франција за првпат се изедначува со грчкиот
Франција за првпат ги изедначи трошоците за задолжување на Грција, со висок јавен долг и слабо балансирање на владата меѓу незадоволството на граѓаните и крајниот рок за усвојување на буџетот за следната година.
Во екот на должничката криза во еврозоната во 2012 година, трошоците за задолжување на Грција, мерени преку приносот на 10-годишните државни обврзници, беа за 37 процентни поени повисоки од приносот на француските обврзници со таа рочност, потсетува Ројтерс.
Приближно 12,5 години подоцна, приносите на долгорочниот грчки долг се движат околу три отсто и се само 0,02 процентни поени повисоки од приносите на францускиот долг.
Грција и натаму е членка на еврозоната со највисок јавен долг, мерено како удел во БДП, од 163,6 отсто на крајот на јуни. Во меѓувреме, Франција се доближи до неа и го зазеде третото место на скалата „должник“, со јавен долг од 112,2 отсто од БДП.
Економија
На Германија годишно ѝ се потребни 288.000 странски работници: „Пред нас е огромен предизвик“
Дологорочно, германскиот пазар на труд секоја година во значителна мера зависи од имигрантите – ова е заклучокот од анализата нарачана од Фондацијата „Бертелсман“.
Со цел да се задоволат потребите за работна сила и да се обезбеди благосостојба на Германија, имиграцијата на меѓународни работници, особено од трети земји, станува сè поважна. Затоа, до 2040 година ќе бидат потребни приближно 288.000 меѓународни работници годишно за да се обезбеди доволна понуда на работна сила.
Според студијата, бројот на работници, без дополнителни имигранти, ќе се намали до 2040 година од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милион. До 2060 година тој број, без дополнителна имиграција, би можел да се намали за една четвртина, на само 35 милиони, пишува „Дојче веле“.
„Демографските промени, кои во наредните години поради пензионирањето на генерацијата ќе претставуваат големи предизвици за германскиот пазар на труд, бараат и имиграција“, вели Сузане Шулц, експерт за миграција од Фондацијата „Бертелсман“.
„Се разбира, пред сè, мора да се развие домашниот потенцијал на работната сила – и локалните жители и луѓето што веќе се преселиле тука и да се зголеми нивното учество на пазарот на трудот. Сепак, идните потреби до 2040 година не може да се задоволат само на овој начин“.
Реформираниот закон за имиграција на квалификувана работна сила дава нови можности за работниците заинтересирани за Германија. Сепак, според студијата, тие нема да дојдат без изразена култура на добредојде во институциите, компаниите и заедниците, како и без долгорочни изгледи за престој.
До 2024 година нема да бидат еднакво погодени сите германски сојузни покраини од недостигот на имиграција. Според студијата, најголем пад на работната сила ќе биде забележан во Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар, со повеќе од десет проценти. Помал пад, под десет проценти, се очекува во Хамбург, Берлин и Бранденбург.
Нивото на потребите за имиграција во сојузните покраини зависи од проекцијата на потребната работна сила до 2040 година.