Скопје
Жерновски: Нема да има десеткатница на Водно ако Шиповиќ гласа против
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски ја поздрави вчерашната изјава на министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани, кој јасно кажа дека двата спорни ДУП-а, Тасино Чешмиче 1 и Капиштец-Водно се донесени спротивно на Законот за локална самоуправа.
Министерот Шабани најави соодветни мерки преку надлежниот инспекторат во ова министерство.
“Ова значи дека има надеж и дека во Владата некој сака да ги почитува законите. Денеска ги добив потпишаните одлуки од претседателот на Советот. Сметам дека тие ДУП-ови се донесени спротивно на Законот за локална самоуправа и Законот за просторно и урбанистичко планирање и ќе го искористам своето законско право како градоначалник да го запрам објавувањето на ДУП-овите. Ќе ставам вето на ДУП-овите и во рок од законските седум дена ќе ги објавам и причините за таквата одлука“, изјави Жерновски.
Во Законот за локална самоуправа стои дека по ова, треба да биде закажана нова седница на Советот на општина Центар во рок од 15 дена.
“Претседателот на Советот треба само да биде против и ДУП-овите нема да бидат донесени, може да гласа и воздржано и повторно ДУП-овите нема да бидат донесени. Ние, заедно со нашите 11 советници ќе гласаме “против“. Единствено, ако претседателот на Советот гласа “за“ овие планови, што значи дека за 180 степени го сменил ставот од пред 10 – 15 дена, само во тој случај ДУП-овите ќе бидат донесени“, појасни Жерновски.
Иако советниците се официјално на одмор, сепак Советот ќе мора да заседава.
“Нема одмор за вакви криминогени ДУП-ови. Повторувам, само доколку претседателот на Советот си го почитува ставот што го имаше на последната седница, нема да има десеткатница на Водно“, рече Жерновски.
Во четврток најави дека ќе ја донесе одлуката и ќе ја соопшти на јавноста и од тогаш тече рокот од 15 дена за закажување на седница на Советот на општина Центар.
Одговарајќи на новинарско прашање, Жерновски рече дека комуникацијата со Шиповиќ сега му е многу послаба, од пред ставањето на спорните ДУП-ови на дневен ред. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

