Спорт
Македонија во водство по првото полувреме против Словенија (39:31)

Пред почетокот на вториот дел со Словенија, Македонија има предност од осум поени, постигнати во бавна игра каква што не свикнаа нашите кошаркари на ова првенство со која станаа сензација на европскито шампионат во Литванија.
Пред почетокот на вториот дел со Словенија, Македонија има предност од осум поени, постигнати во бавна игра каква што не свикнаа нашите кошаркари на ова првенство со која станаа сензација на европскито шампионат во Литванија.
Македонија го започна мечот во стилот во кој го одигра досегашниот тек од шампионатот поведувајќи со 4:0, но Горан Драгич со серија од седум поени набргу го израмни резултатот на 7:7.
Војдан Стојановски веќе во следниот напад со кош и реализација на дополнителното слободно фрлање ја носи Македонија на три поени што по одбранетиот напад Мекејлеб од полуконтра ги претвора во позитива од плус пет. Македонија отиде и на плус седум, но Драгич веднаш намалува на пет.
Словенечкиот играч Драгич, практично само и’ се спротиставува на Македонија во првиот дел од првата четвртина постигнувајќи ги до седмата минута сите девет поени за неговата репрезентација.
Во осмата минута од првата четвртина Македонија имаше највисоки досега десет поени разлика, а Драгич и натаму е единствениот стрелец за Словенците кои во оваа минута имаат 11 поени.
Се разбира, не требаше да се чека многу за соземање на фаворизираните Словенци, па Драгич доби поддршка од Лакович, кои ги искористија двете лични грешки кои беа досудени во напад за нашите кошаркари, до крајот на првата четвртина успеаја да намалат на четири поени – 20:16 за Македонија.
Втората четвртина започна со четвртата загубена топка, што е главната причина Словенија да направи серија од 11:1 и да го израмни резултатот.
Во овој период Докузовски се обиде да прави ротации кои ќе овозможат да се одмори Мекејлеб, кој на мечот со Грузија заработи помала повреда.
По две ипол минути игра во втората четвртина, Словенија првпат денеска мина во водство со 22:20.
Меѓутоа, очигледно е дека по добрите партии на Македонија и поразот од Грција, Словенците играат со поголем респект кон нашите репрезентативци па Македонија, повторно го презема водството, овојпат со минимално водство.
Во последните три минути Македонците направија серија од 10:0, што овозможи на крајот резултат од плус осум во наша полза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Венгер: Не е во ред освојувачот на Лига Европа да оди во Лигата на шампионите

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, изјави дека не е во ред освојувачот на Лига Европа да обезбеди место во Лигата на шампионите.
Манчестер Јунајтед и Тотенхем, по првите полуфинални натпревари се блиску до пласман во финалето во Билбао на 21 мај.
За двата тима Лига Европа е единствената шанса наредната сезона да играат во Лигата на шампионите, бидејќи во Премиер лигата сезнава се очајни. Јунајтед се 15-ти, а Спарс 16-ти на табелата.
УЕФА ги промени своите правила во 2014 година за да им овозможи на победниците на Лига Европа автоматски да се квалификуваат за Лигата на шампионите следната сезона, но Венгер не се согласува со ова правило.
На прашањето дали е исправно победниците на Лигата на Европа да обезбедат место во Лигата на шампионите, Венгер за „BeIN Sports“ изјави: „Не. Тие автоматски треба да се квалификуваат за Лига Европа, но не и во Лигата на шампионите. Особено кога сте во Премиер лигата, каде што пет тима веќе се квалификува.“
„Мислам дека тоа е нешто за кое УЕФА треба да размисли и да го разгледа. Од друга страна, луѓето ќе ви кажат дека за да биде Лига Европа интересна и мотивирачка, мора да им ја дадете таа награда (квалификација за Лигата на шампионите).“
Спорт
Левандовски е подготвен за реваншот со Интер

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, се опорави од повредата и ќе биде подготвен за реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер во Милано, потврдија од клубот.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не можеше да смета на Левандовски откако 36-годишникот од Варшава се повреди на 19. април на натпреварот од Примера против Селта.
Левандовски постигна 40 гола за клубот оваа сезона, вклучувајќи 25 во домашното првенство и 11 во Лигата на шампионите.
Реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Интер и Барселона ќе се игра во вторник од 21:00 часот на „Џузепе Меаца“, а првиот натпревар на „Монжуик“ беше вистински спектакл кој заврши 3:3.
Спорт
(Видео) Луда Ф1 трка во Мајами, во Лего болиди

Големата награда на Мајами, шестата трка во Ф1 шампионатот, имаше спектакуларна најава за главната трка.
Пред почетокот на трката, фановите можеа да ја видат најинтересната парада што досега во Ф1, која се претвори во најлудата трка во историјата, трка во Лего автомобили.
Оваа година, Лего пушти колекција посветена на Ф1, а во таа чест, на патеката се најдоа 10 автомобили во природни големини, зад чиј волан беа најдобрите возачи на денешницата, а совозачи им беа нивните соиграчи.
Секој од тие 10 автомобили тежи околу 1.500 килограми, што е речиси двојно повеќе од стандардните автомобили, бидејќи тие не смеат да тежат повеќе од 800 килограми.
Лего автомобилите, патем, се направени од по 400.000 коцки, кои се поставени околу челична конструкција, за да се изработат биле потребни 22.000 часа. Во изградбата учествувале 26 дизајнери и инженери, а автомобилите биле изградени во фабрика во Кладно, Чешка.
Иако достигнуваат брзина од само 20 км/ч, бидејќи имаат само околу седум или осум коњски сили, трката на патеката околу стадионот „Хард Рок“ во Мајами ги забавуваше возачите и фановите како никогаш досега.
Just 20 big kids living their best lives 😎#F1 #MiamiGP pic.twitter.com/vt1wvSrB3E
— Formula 1 (@F1) May 4, 2025
„Ова беше најзабавната парада што некогаш сме ја имале. Беше навистина забавно“, рече Луис Хамилтон, кој му беше совозач на Шарл Леклер.
За време на најлудата трка во историјата, имаше неколку инциденти, за среќа без последици, но стјуардите мораа да ја исчистат патеката пред самата трка, поради бројните расфрлани парчиња.
Joining drone cam as the drivers bring their LEGO cars home 🎥#F1 #MiamiGP pic.twitter.com/CHUqJcBoU1
— Formula 1 (@F1) May 4, 2025
Интересно е што не беше прв пат Лего автомобили да се најдат на патеката, но никогаш не биле во толкав број. Минатата година, возачот на Мекларен, Ландо Норис, возеше автомобил направен од коцки на Силверстоун.
Што се однесува до Големата награда на Мајами, таа ја освои Оскар Пјастри во Мекларен, пред неговиот колега Норис и возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.
Следната трка во Формула 1 е во Имола за Големата награда на Емилија Ромања од 16 до 18 мај.