Регион
Намален степенот на тревога од поплави во Словенија
Поројните дождови ноќта во среда кон четврток предизвикаа помали проблеми на западот на Словенија, но не беа толку интензивни колку што се најавуваше, па државната Агенција за околина го намали степенот на тревога од „црвен“ во „портокалов“ аларм.
И натаму вреди предупредувањето дека ситуацијата во следните денови би можела да се влоши, а во зголемена состојба на готовност се дежурните пожарникарски служби и цивилната заштита во западните и централните делови на Словенија.
Агенцијата за околина во средата прогласи највисок степен на тревога заради доаѓање на влажен бран од западот, посебно заради стравувањето дека би можела да се повтори ситуацијата од втората половина на октомври, кога заради поројните дождови дојде до поплави. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Регион
По Црна Гора, слаб земјотрес ја погоди и Хрватска
Земјотрес со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Риека, на длабочина од 34 километри.
Предходно, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 3,6 степени. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
Земјотрес во Црна Гора: се тресеше во близина на Будва
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.18 часот ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.
Засега нема информации за материјална штета.