Свет
Ако се казнуваат корумпираните, мора и да се наградат добрите

Кога се
казнуваат лекарите кои го прекршиле законот, мора паралелно со тоа да се најде
начин да се наградат лекарите кои добро ја извршуваат својата работа, а
единствен начин за тоа е зголемување на платите, вели професор Алексеј Дума,
претседател на Лекарската комора.
АЛЕКСЕЈ ДУМА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА
Кога се
казнуваат лекарите кои го прекршиле законот, мора паралелно со тоа да се најде
начин да се наградат лекарите кои добро ја извршуваат својата работа, а
единствен начин за тоа е зголемување на платите, вели професор Алексеј Дума,
претседател на Лекарската комора.
– Еднаш мора да се направи ред и во нашава професија. Лекарите мора да го
почитуваат законот и Комората ја поддржува Владата во борбата со корупцијата и
криминалот. Тоа е во интерес на сите. Сепак паралелно мора да се работи и на
стимулирање на лекарите кои добро си ја работат работата. Тоа е можно само со
зголемување на платите и на тоа мора да се работи во наредниот период – вели
Дума.
Во изминативе месеци се повеќе лекари се појавуваат во јавноста во улога на
обвинети. Од почетокот на годината двајца лекари беа притворени поради земање
мито. Едниот од нив неделава беше осуден на една година затвор, а судската
постапка против вториот е во тек. Десетина лекари беа фатени од санитарните
инспектори како работат дополнително во приватни ординации надвор од работното
време. Вчера комисија при Министерството за здравство парично ги казни
директорот на болницата во Штип и лекарот кој одбил да го прегледа пациентот
бидејќи немал сини картони. Минатата година беше осуден гинеколог од Велес
поради пропусти во лекувањето од кои почина млада родилка. Условно и со парични
казни беа казнети и тројцата лекари во случајот со Наташа Кметовска. Судски
спорови се водеа и против двајца лекари од Прилеп и еден од Охрид.
Судот на честа при Лекарската комора кој е надлежен за лиценците на лекарите,
ќе постапува по сите предмети кои ќе ги добие од надлежните институции, вели
Дума. Тој апелира до сите судови да им ги доставуваат навреме правосилните
пресуди за сите случаи во кои лекари се гонат професионално или приватно.
– Потребна ние е правосилна пресуда од суд или од овластен државен орган за да
отвориме постапка пред Судот на честа. Тие ги доставуваат доказите за тоа дека
е прекршен законот, а ние потоа ја гледаме етичката димензија на случајот.
Спремни сме да ги отвориме сите постојни случаи за одземање на лиценци, веднаш
штом Владата ќе биде спремна да разговара за стимулирањето на лекарите – вели
Дума.
А.Г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Жена на 76 години за првпат стана мајка – чудо што го изненади целиот свет

Ембајте Медин Хагос од Мекеле (Етиопија) стана мајка за првпат на 76-годишна возраст. Таа роди здраво машко бебе. Нејзината приказна одекна низ целиот свет, а многумина ја опишуваат како вистинско чудо.
Ембајте Медин стана мајка преку ин витро фертилизација, која ја извршиле лекари во Индија пред една година. Таа се породи во болница во Мекеле.
„Воопшто не верував кога ми кажаа дека сум бремена “, изјави таа за телевизијата Dimtse Woyane, која објави и снимки од прославата и крштевката на бебето.
Семејството, како и пошироката јавност, реагирале на веста со неверица и емоции.
На социјалните мрежи има безброј коментари, а некои корисници го нарекоа настанот чудо, особено во земја која сè уште се бори со последиците од војната и политичката нестабилност.
Свет
Вулканска ерупција на Камчатка за првпат по 500 години

Вулкан на рускиот далечен исток еруптираше за прв пат по повеќе од 500 години.
Вулканот Крашенјиников на Камчатка синоќа исфрлаше пепел до шест километри.
Нема закани за населените подрачја, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Последната регистрирана ерупција на Крашениников била во 15 век, според раководителот на тимот за одговор на вулкански ерупции на Камчатка.
Според експертите, синоќешната ерупција би можела да биде поврзана со силниот земјотрес изминатата недела. Предупредуваат дека се можни силни последователни потреси во следните недели.
Полуостровот Камчатка е оддалечен, но се наоѓа во „Тихоокеанскиот огнен прстен“ – така наречен поради големиот број земјотреси и вулкански ерупции.
Свет
(Фото+видео) Масовен протест за Газа во Сиднеј: демонстрантите носеа тенџериња и тави како симболи на глад

Денеска во Сиднеј се одржа пропалестински протест, на кој учествуваа десетици илјади луѓе, повикувајќи на мир и доставување помош до воено разурнатиот Појас Газа, јавува Ројтерс.
Некои од учесниците на протестната прошетка, која организаторите ја нарекоа „Марш за хуманост“, носеа тенџериња и тави како симболи на глад. Според „9 News Australia“, бројот на демонстранти далеку ги надмина очекувањата на организаторите – дури 90.000 луѓе.
Avustralya’nın Sydney kentinde binlerce kişi İsrail’in Filistin’e yönelik saldırılarını protesto etmek için bir araya geldi.
— Haber HUN (@haberHUN) August 3, 2025
Меѓу учесниците на протестот беа постари лица и семејства со мали деца, како и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, а некои мавтаа со палестински знамиња и скандираа „сите сме Палестинци“.
Во Појасот Газа, во тек е војна меѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас, која започна во октомври 2023. Оттогаш, според палестински извори, повеќе од 60.000 луѓе се убиени во Газа, а хуманитарните организации велат дека недостигот од храна води до широко распространето гладување.