Европа
Кози, топлес ангели и 600 танчери на отворањето на „Готард“ тунелот

Првите возови поминаа низ 57 километри долгиот тунел „Готард“ под швајцарските Алпи, а тоа беше проследено со спектакуларна церемонија за отворање, што го зачуди светот на повеќе начини, пишуваат швајцарските медиуми.
Првите возови поминаа низ 57 километри долгиот тунел „Готард“ под швајцарските Алпи, а тоа беше проследено со спектакуларна церемонија за отворање, што го зачуди светот на повеќе начини, пишуваат швајцарските медиуми.
Околу 600 актери, музичари, свирачи на алпски рогови, хорови и швајцарскиот армиски бенд изведоа донекаде бизарна церемонија во Рајнахт на северениот крај на тунелот, дополнето со луѓе облечени како ангели, козорог и танчери облечени во работнички одела, како на оние кои работеа на изградбата на тунелот.Перформансот кој требаше да ја претставува швајцарската алпска култура, ги остави светските медиуми, од кои 300 беа присутни на отворањето, подзинати.Инаугурацијата почна со симултани говори на двата краја на тунелот, од швајцарскиот претседател Јохан Шнајдер-Аман и министерот за транспорт Дорис Летард.„Ова е голем ден за Швајцарија и за Европа“, рече Шнајдер – Аман пред да почне спектаклот пред 1.000 гости, меѓу кои и лидерите на Франција, Германија и Италија.Дел од гледачите, жители на Швајцарија, се извинуваат по социјалните мрежи за срамот кој им е нанесен со бизарната претстава при отворањето, а дел само постираат фотографии со коментари ова се случува на отворањето на тунелот./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Објавено кои санкции ги воведува ЕУ кон Русија: опфатени се и компании од Виетнам, Србија и Турција за кои постои сомневање дека ја снабдуваат руската војска

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за 17-тиот пакет санкции против Русија, кој треба да го потврдат министрите за надворешни работи следната недела. Новиот пакет санкции вклучува речиси 200 нови танкери од таканаречените „флоти во сенка“ што Русија ги користи за да ги заобиколи санкциите.
Станува збор за стари, неосигурени бродови кои користат разни трикови за да го сокријат потеклото на нафтата што ја транспортираат, вклучително и испраќање фалсификувани податоци и исклучување на транспондерите. Се сомнева дека бродовите се користат и за саботажи на подморничката инфраструктура. Досега, 153 вакви бродови се санкционирани и им е забрането да се закотвуваат во европските пристаништа. Сега тој број се зголеми на околу 350 бродови.
30 компании се додадени на листата на санкции поради вмешаност во заобиколување на санкциите, особено кога станува збор за производи со двојна намена. Овие компании ќе се соочат со нови трговски ограничувања. Санкциите ќе ги опфатат и компаниите од земји како Виетнам, Србија и Турција за кои постои сомневање дека ја снабдуваат руската војска.
Додадени се уште 75 поединци и компании поврзани со воено-индустрискиот комплекс. Исто така, се забранува извоз на хемикалии од ЕУ што можат да се користат за производство на ракети.
Заедно со овој пакет, ЕУ ѝ се закани на Русија со „масовни санкции“ доколку одбие да го прифати предлогот за прекин на огнот од 30 дена, поддржан од САД.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја предупреди Москва во вторникот дека ќе се соочи со дополнителни санкции доколку нема вистински напредок кон мир во Украина оваа недела. Мерц го покани рускиот претседател Владимир Путин да седне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Истанбул во четврток за да разговараат за прекин на огнот и евентуално мировно решение.
Европа
(Видео) Путин: Идиоти воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“. Тој ги коментираше санкциите што ЕУ планира да ги воведе врз Русија.
„Се чини дека нема да го направат ова и она затоа што им штети. Но, тие навистина го прават тоа – идиоти. Извинете за изразот. Но, што друго можам да кажам? Водечките светски економии паѓаат во рецесија само за да ни наштетат“, рече Путин.
Putin is really not happy about new sanctions. He calls those imposing sanctions on him “idiots”
“The world economy is going into a recession just to hurt us” pic.twitter.com/Pf9HH8yyd7
— Polymarket Intel (@PolymarketIntel) May 13, 2025
Европската унија го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија, изјави за „Киев Индепендент“ висок функционер на ЕУ, кој побара анонимност. Мерките се насочени кон речиси 200 бродови од руската „флота во сенка“, 30 компании вклучени во избегнување на санкции и 75 санкции против субјекти и поединци поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс и други цели.
Европа
ЕУ го одобри 17-тиот пакет-санкции против Русија, вели извор

Европската унија го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија, изјави за „Киев Индепендент“ висок функционер на ЕУ, кој побара анонимност. Мерките се насочени кон речиси 200 бродови од руската „флота во сенка“, 30 компании вклучени во избегнување на санкции и 75 санкции против субјекти и поединци поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс и други цели.
Новиот пакет, исто така, вклучува мерки насочени кон руските хибридни операции, поточно воспоставување правна основа за дејствување против пропагандните канали или бродови и субјекти вклучени во саботажа на подводни кабли, аеродроми или сервери.
„Значи, гледате каде одиме. Покрај ‘традиционалните’ секторски и индивидуални санкции, го прошируваме опсегот и поактивно применуваме други видови санкции за да ја погодиме Русија таму каде што гледаме закани или обиди за заобиколување на постојните мерки“, рече изворот.