Црна хроника
Ограбена поштата во Жван
Последните денови се случиле две кражби, едната на поштата во село Жван, а другата во стан во Скопје, а крадците заминале со богат плен
Имено, во временскиот период од сабота до понеделник, во село Жван, демирхисарско, непознат сторител со употреба на физичка сила и подесен алат насилно ја отворил влезната врата од поштата, а потоа со подесен алат исто така насилно го отворил металниот сеф од каде одзел сума пари од околу 104.500 денари по што го напуштил местото на настанот.
Во понеделникот во Скопје, пак, на ул.„Петар Ацев“, непознат сторител со насилно отворање на влезна врата од стан сопственост на Д.Ц.(32) извршил тешка кражба при што одзел златен накит, мобилен телефон, машки рачен часовник и го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од 70.000 денари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.

