Региони
Целосно реновиран Здравствен дом Прилеп
Во изминатиот период Јавната здравствена установи Здравствен дом Прилеп во континуитет вложуваше во подобрувањето на условите за своите пациенти. па така направи повеќе инвестиции со кои значително го подигна квалитетот на услуга и прерасна во една современа модерна институција од европски тип.
Неодамнешното комплетно реновирање на Детското одделение кое подразбираше пребојадисување, прераспределба на работните простории, промена на подовите, нов инвентар прилепскиот Здравствен дом го чинеше 1,2 милиони денари, средства кои беа издвоени од сопствениот буџет. Воедно беше променета целосно внатрешната дограма, вратите по амбулантите и вратите по одделенијата кои додатно чинеа уште 1,3 милиони денари.
Во изминатите четири години, покрај инфраструктурното подобрување, беше набавена и нова медицинска апаратура во вредност од 4 милиони денари, којашто заедно со кадровското дооекипирање придонесе оваа здравствена установа да добие уште поголема функционалност.
Претходно седмицава беше набавена и нова машина за машинско чистење на подовите со што додатно ќе се подобри одржувањето на хигиената во оваа здравствена институција.
Директорот Петар Ристески рече дека во изминатиот период беше вработен и еден целосен лекарски тим, односно доктор и медицинска сестра кои беа вклучени во проектот „Рурален доктор“ кој доста успешно се спроведува во сите населени места каде што нема здравствена заштита, а во тек е и конкурс за вработување на двајца лекари – педијатри кои веднаш по вработувањето ќе заминат на специјализација на вон-болничка педијатрија, а наскоро ќе се оформи и итна медицинска помош во Кривогаштани.
Градоначалникот Маријан Ристески изрази задоволство од сиве овие промени и инвестиции кои ја променија досегашната слика на оваа превентивна медицинска установа која сега веќе личи на модерна установа што ги следи актуелните текови на современото здравство./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.