Црна хроника
Запалена влезна врата од куќа во Скопје
Непознат сторител во вторникот околу 23.15 часот запалил влезна врата од куќа на улицата „Бутелска“ во Скопје.
Сторителот истурил запалива течност на вратата и ја запалил, при што изгорел дел од вратата. Куќата била сопственост на педесет и петгодишен скопјанец.Според информациите на МВР, направена е мала материјална штета, а повредени нема. Полицијата работи на расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово – с.Романовце
Вчера околу 15:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Романовце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(25) од Скопје и патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (29) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле С.М. и неговиот сопатник Ф.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Скопјанец во дворот пронашол залутано зрно од огнено оружје
Вчера во 11.20 часот во СВР Скопје, Д.С.(73) од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево пронашол залутано зрно од огнено оружје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
35-годишен кавадарчанец му се заканувал на градоначалникот на општината
Закани од 35 годишен кавадарчанец добил градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Вчера во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.