Спорт
Хенс: Дуелот со Чешка е финале за нас
Капитенот на ракометната репрезентација на Германија, Паскал Хенс, на престојното Европско првенство, ќе биде еден од главните играчи на „панцирите“, кои во Србија ќе се обидат да ги поправат лошите пласмани на оваа репрезентација на претходното европско и светско првенство.
Капитенот на ракометната репрезентација на Германија, Паскал Хенс, на престојното Европско првенство, ќе биде еден од главните играчи на „панцирите“, кои во Србија ќе се обидат да ги поправат лошите пласмани на оваа репрезентација на претходното европско и светско првенство. Левиот бек на Хамбург, 31-годишниот Хенс изминатиот викенд беше најзабележителен во својата репрезентација на двете пријателски средби со Унгарија, на кои Германија забележа победа (36:33) и пораз (21:22). „Треба да бидеме реални, по нашите слаби настапи на ЕП во Австрија во 2010 и СП во Шведска во 2011, дека повеќе не сме во самиот врв. Но сепак, наша главна цел ќе биде да обезбедиме пласман на ОИ во Лондон“. Капитенот на Германија во интервјуто за „ehf-euro 2012.com“, потврди дека притисокот врз репрезентацијата, поради лошите резултати на последните две големи натпреварувања е огромен, но и дека тој и неговите колеги го знаат рецептот за пласман меѓу најдобрите осум репрезентации. „На Еуро 2012 не очекува тешка борба, започнувајќи од натпреварите во групата со Чешка, Македонија и Шведска. Нашиот фокус е на првиот натпревар со Чешка, доколку победиме речиси сме во главната рунда, доколку загубиме, тогаш ќе ни биде многу тешко. Затоа ние ќе се концентрираме на секој следен натпревар, ќе одиме чекор по чекор, а натпреварот со Чешка е првиот од многуте финални за нашиот тим“. Хенс како еден од главните проблеми на репрезентацијата, пред стартот на шампионатот, ја посочува играта во нападот, каде како што вели често им недостига концентрација и пребрзо ги завршуваат нападите. Хенс, открива као е да се работи со новиот селектор Мартин Хојберг, кој на клупата го наследи легендарниот Хајнер Бранд. „Тој врши одлична работа, внесе нови методи во нашите тренинзи. Сите имаме почит кон него, доколку некој не го почитува тогаш тој се наоѓа на погрешно место. Од самиот почеток на подготовките тој наметна тешка програма за работа, со три тренинзи дневно. Затоа сега сите сме во совршена физичка кондиција“. Германија е еден од противниците на Македонија, во Б групата на Еуро 2012, двете репрезентации во меѓусебен дуел ќе се соочат на 17. јануари. крај/ehf-euro 2012.com/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити ги декласира „милионерите“, Осимен со хет-трик во Амстердам, Самарџиќ во 90-та минута го шокира Марсеј
Европските великани, Ајакс и Бенфика се единствените екипи без освоен бод по првите четири кола во Лигата на шампионите. По вечерашните натпревари, Интер им се приклучи на Баерн и Арсенал, како тим со максимален учинок. Покрај спектакуларниот меч во Бриж, вечерта ја обележа убедливата победа на Манчестер сити над Борусија Дортмунд, хет-трикот на Виктор Осимен против Ајакс и голот на Лазар Самарџиќ во 9-та минута со која Аталанта победи во Марсеј.
Резултати:
Пафос – Виљареал 1:0 (0:0)
/Лукасен 46/
Карабаг – Челзи 2:2 (2:1)
/Андраде 29, Јанковиќ 39П – Естевао 16, Гарначо 52/
Ајакс – Галатасарај 0:3
/Осимен 59, 66П, 78П/
Бенфика – Леверкузен 0:1
/Шик 65/
Клуб Бриж – Барселона 3:3
/Тресолди 6, Форбс 17, 64 – Торес 8, Јамал 61, Циолис 77АГ/
Интер – Каират 2:1
/Мартинез 45, Аугусто 67 – Арад 56/
Манчестер сити – Борусија Д. 4:1
/Фоден 22, 57, Халанд 29, Шерки 90+1 – Антон 72/
Њукасл – Атлетик Билбао 2:0
/Брн 11, Жоелингтон 49/
Марсеј – Аталанта 0:1
/Самарџиќ 90/
Спорт
(Видео) Барселона избегна пораз кај Клуб Бриж
Клуб Бриж и Барселона ремизираа 3:3 во спектакуларен меч одигран во 4.коло, во Лигата на шампионите. Барселона три пати се враќаше по водството на домашните, на крајот и ВАР беше на страната на Каталонците.
Клуб Бриж го отвори натпреварот совршено. Веќе во 6-та минута, Карлос Форбс прецизно го проигра Никол Тресолди, кој ја погоди мрежата и им донесе водство на Белгијците од 1:0.
Сепак, Барселона брзо возврати. Во 8-та минута, по одлична акција, Фермин Лопес му асистираше на Феран Торес.
Нова предност на Бриж му донесе во 17-та минута. Карлос Форбс совршени реализираше контра напад.
Барселона повторно израмни во 61-та минута. Акција како на плејстејш, Фермин Лопес мајсторски го проигра Ламин Јамал погоди за 2:2.
Само три минути подоцна, Клуб Бриж повторно поведе. Ханс Ванакен го пронајде Карлос Форбс во шеснаесетникот, а Португалецот лобуваше Војчех Шчесни.
Бриж три минути доби пенал, но на повик на ВАР собата Ентони Тејлор го поништи.
А потоа, „ладен туш“ за Бриж.
Во 77-та минута, Барселона повторно израмни, Јамал шутираше, Цолис во обид да блокира ја закачи топката која заврши во голот.
До крајот Бриж постигна гол преку Вемант, кој му ја одзеде топката на голманот Шчесни, но Тејлор повторно доби повик од ВАР собата и голот беше поништен.
Спорт
Реал има договор со Упамекано
Францускиот дефанзивец Дајот Упамекано со голема веројатност ќе го напушти Баерн Минхен по завршувањето на сезоната.
Упамекано ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната, поради што има понуди од неколку клубови. Шпанските медиуми тврдат дека тој ќе се пресели во Реал Мадрид, францускиот „Фут Меркато“, оди подалеку и тврди дека Упамекано му дал збор на претседателот на Реал, Флорентино Перез.
„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Упамекано на 60 милиони евра.
Заедно со Реал, сериозен интерес покажува и ПСЖ, додека Баерн истовремено работи на продолжување и се обидува да го задржи голманот во клубот.
Упамекано пристигна во Баерн во летото 2021 година од Лајпциг, во трансфер од 42,5 милиони евра. Досега има одиграно 166 натпревари за баварскиот тим и освои шест трофеи, по три во Бундеслигата и Купот на Германија. За француската репрезентација одигра 34 натпревари.

