Црна хроника
Напаѓачите им рекле на полицајците: Ниту Ахмети, ниту Груевски може да ве спасат
Ние сме од УЧК и пренесете им на сите дека ниту Ахмети, ниту Груевски не може да ве спасат. Ние сакаме наша држава и не сакаме никакви Охридски договори. Повеќе никој не смее да дојде навака. Доколку вас или некој друг фатиме повторно, ќе ве ликвидираме, им рекле напаѓачите на четворицата полицајци од кaраулата Гошинце коишто биле заробени ноќта во вторникот.
Според официјалните информации на Министерството за внатрешни работи, ноќеска околу 2.30 часот по полноќ, поголема група од околу 40-ина лица ја нападнале караулата Гошинце што се наоѓа во близина на северната граница.Напаѓачите, според МВР, биле добро вооружени и носеле маскирни униформи со ознака на УЧК и меѓу себе комуницирале на албански јазик.При нападот на караулата заробени биле четворица полицајци кои во моментот биле дежурни во караулата. Напаѓачите ги разоружиле, тројца од нив ги врзале со лисици, а еден дури и го нападнале.Лицето кое ја предводело групата им се обратило на полицајците на албански јазик преку преведувач кој зборувал лош македонски јазик со србизми. Им дале на полицајците време од околу половина час да си заминат пеш од караулата и им се заканиле дека ќе ги ликвидираат ако ја напуштат караулата порано.Го зеле оружјето коешто го нашле во полициската станица и радиоврските и им ги искршиле мобилните телефони на полицајците.По половина час, еден од полицајците кој не бил врзан, станал и зел клучевите од лисиците коишто биле оставени на земја блиску до нив, ги одврзал колегите и пешки се упатиле кон патот надолу. Одејќи по патот слушнале долг рафал од автоматско оружје.Според првичните информации на полицијата, лицата се од Косово, но се преземаат мерки за обезбедување дополнителни докази.„МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот. Во овој момент поради активностите кои се преземаат на терен и кои се исклучително сериозни не би можеле да одиме со дополнителни информации“ изјави Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи.По информациите кои се појавија во медиумите за нападот на полициската станица во Гошинце, ова е официјалната верзија на МВР. По прес-конференцијата, не беа дозволени новинарски прашања, а Котевски овој напад го квалификува како терористички напад. „Република Македонија односно државните институции утринава беа цел на терористички напад“, рече Котевски на почетокот на прес-конференцијата./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.
Црна хроника
Возач на комбе не забележал човек зад возилото, го удрил и тешко го повредил
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.
Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

