Црна хроника
Идентификувани дел од напаѓачите во Гошинце
Идентификувани петмина од вооружената група којашто според МВР, ноќеска ја нападнале караулата во липковското село Гошинце.
Како што јавува Алфа телевизија, водач на групата бил Командант Џеваир Адеми, од косовското село Гњилане.„Според нашите информации утврден е идентитетот на уште четворица блиски соработници на водачот на терористите кои се од истото место. Неофицијално логистика на групата им бил извесен Фарук, а како дел од униформираните напаѓачи биле и двајца браќа Ерхан и Кадир Бајрами“ јавува телевизијата. Според официјалната веризја на МВР ноќеска околу 2.30 часот вооружена група од 40-тина лица, најверојатно од Косово, ја нападнале караулата Гошинце што се наоѓа во близина на северната граница.Напаѓачите, според МВР, биле добро вооружени и носеле маскирни униформи со ознака на УЧК и меѓу себе комуницирале на албански јазик.При нападот на караулата заробени биле четворица полицајци кои во моментот биле дежурни во караулата. Напаѓачите ги разоружиле, тројца од нив ги врзале со лисици, а еден дури и го нападнале.Лицето кое ја предводело групата им се обратило на полицајците на албански јазик преку преведувач кој зборувал лош македонски јазик со србизми. Им дале на полицајците време од околу половина час да си заминат пеш од караулата и им се заканиле дека ќе ги ликвидираат ако ја напуштат караулата порано.Го зеле оружјето коешто го нашле во полициската станица и радиоврските и им ги искршиле мобилните телефони на полицајците.По половина час, еден од полицајците кој не бил врзан, станал и зел клучевите од лисиците коишто биле оставени на земја блиску до нив, ги одврзал колегите и пешки се упатиле кон патот надолу. Одејќи по патот слушнале долг рафал од автоматско оружје.Според првичните информации на полицијата, лицата се од Косово, но се преземаат мерки за обезбедување дополнителни докази.„МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот. Во овој момент поради активностите кои се преземаат на терен и кои се исклучително сериозни не би можеле да одиме со дополнителни информации“ изјави Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи.По информациите кои се појавија во медиумите за нападот на полициската станица во Гошинце, ова е официјалната верзија на МВР. По прес-конференцијата, не беа дозволени новинарски прашања, а Котевски овој напад го квалификува како терористички напад. „Република Македонија односно државните институции утринава беа цел на терористички напад“, рече Котевски на почетокот на прес-конференцијата./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се скарале поради паркинг па му се заканил со пиштол: уапсен тетовец
Вчера во 10.00 часот на улица „146“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(51) од тетовско, затоа што околу 08.50 часот, поради недоразбирање околу паркирање на возила, со пиштол му се заканил на Н.А.(54) од тетовска Мала Речица.
При приведувањето, кај А.А. бил пронајден и одземен пиштол кубура, додека подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7.62мм, две рамки за пиштолот и 46 куршуми калибар 7.62мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
Црна хроника
(Видео) Претрес кај полициски службеници од Скопско: пронајдено оружје и муниција
Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стадарди и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија беше извршен претрес во дом кај две лица – полициски службеници за кои претходно беше утврдено дека на социјалните мрежи објавуваат фотографии со оружје.
При претресот, извршен со судска наредба, во нивниот дом во село Сингелиќ, скопско, биле пронајдени една автоматска пушка, два пиштоли, 19 куршуми 9 мм, еден рап во кој има четири рамки за автоматска пушка, пет празни рамки за автоматска пушка, 125 куршуми калибар 7.62×39, пет куршуми непознат калибар, еден револвер, една празна рамка и шест празни рамки кои ги поседуваат без дозвола. Исто така, при претресот во домот и при преглед на возилото на еден од нив било пронајдено и друго оружје и муниција кои ги поседувале со дозвола, соопшти полицијата.
„Подоцна, исто така, со судска наредба, беше извршен и претрес во викенд куќа во село Стрима, општина Липково, каде претходно беше утврдено дека е направена фотографијата и објавена на социјална мрежа, но во неа не беа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.
Со двајцата полициски службеници и нивниот родител, во присуство на адвокат, беа извршени службени разговори, по што беа извршени консултации со јавен обивнителе од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информира МВР.
Црна хроника
Повеќе лица агресивно се однесувале кон медицински персонал во болницата во Струга
Утрово во 00.57 часот во ОВР Струга е пријавено дека во Општата болница во Струга, повеќе лица агресивно се однесувале кон медицинскиот персонал.
Увид на местото увид извршија полициски екипи и дежурен јавен обвинител.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.