Свет
Идентификувана и втората „црна вдовица“ од московското метро
Втората жена бомбаш самоубиец од нападот во Москва во кој загина 40 а беа ранети 95 лица, е 28-годишната наставничка по информатика Маријам Шарипова Магомедова
Телото на Марјам Магомедова бил идентификувано од нејзиниот татко Расул Шарипович Магомедова од Дагестан.„Мојата жена и јас веднаш ја препознавме нашата ќерка. Кога последен пат жена ми ја видела, таа го носела истиот црвен шал кој беше на фотографиите.“, рекол таткото Магомедов за Новаја газета.Тој додал дека Марјам дипломирала математика и психологија, а по завршувањето на студиите се вратила во родното село Балахани во Унцукулскиот регион и работела како наставничка по информатика. „Навистина се надевам дека истрагата ќе открие што навистина се случило за тој напад. Воопшто не ни е јасно како Марјам дошла до Москва. “, рекол таткото. Тој признал дека ќерка му била многу религиозна, но според него никогаш не покажувал радикални уверувања. Марјам инаку и претходно била осомничена од безбедносните служби дека одржува врски со радикалните вахабити.Татко и ’ тврди дека таа го убедувал дека тоа не е вистина. Пред две години бил уапсен нејзиниот брат по обвинение дека е терорист, но бил мачен во притворот пред да бидат отфрлени обвинувањата. Таткото смета дека може тука да се бара причината за нејзината одлука да изврши напад.
Се’ уште нема официјална потврда дека Марјам е втората извршителка на терористичкиот чин во московското метро кај станицата „Љубјанка“. Останува непознато и како таа стигнала до Москва, ако според тврдењата на таткои таа била со мајка и’ на 28 март а со автобус од Кизлиар до Москва се патува 36 часа, што значи дека за да го изведе нападот во утринските часови на 29-ти март во метрото таа требало да биде во Москва уште на 28 март.Првата идентификуван од бомбашките-самоубијци беше 17-годишната Џенет Абдуалева, вдовица на таканареченито Емир на Дагестан, Умалат Магомедов, познат како Ал-Бара, кој беше ликвидиран кон крајот на мината година.Досието на Абдуалева било во Федералната оперативна база на податоци на лица коишто го исповедаат вахабизмот и се склони кон екстремистички активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

