Свет
Во Иран продолжуваат протестите против Ахмадинеџад
Втор ден траат протестите во Иран против изборните резултати со кои е потврдена победата на досегашниот претседател Ахмадинеџад
Поддржувачите на реформистичкиот кандидат Мирхосеин Мусави во неколку града на Иран ги продолжуваат вчера започнатите протести против Махмуд Ахмадинџад. Во Техеран тие превртуваат контејнери и автомобили и се судираат со полицијата и приврзаниците на Ахмадинеџад.Мусави и неговите следбеници тврдат дека изборите биле лажирани, но информациите тешко доаѓаат до дописниците на западните медиуми, бидејќи владее блокада, а полицијата оневозможила и комуницирање со СМС пораки, а блокирани се и интернетските страници на Мусави. „Некои веруваа дека ќе победи Мусави, Протестите немаат никакво правен кредибилитет. Тоа е како лутење по загубен фудбалски меч. Разликата меѓу моите резултати и резултатите на моите противници е толку голема што никој не може да ја оспори.“, изјавил Ахмадинеџад.Претходно Мусави преку интернетските сајтови иако повика на смирување на ситуацијата, изјави дека тој е легитимниот победник на иранските претседателски избори, дека нема да попушти на манипулациите и повика на отпор кон, како што напишал во соопштенијата – лагите и диктатурата.Во неделата не се појави ниту весникот што го финансираше Мусави, а уредникот за дописниците на западните медиуми изјавил дека новинарите избегале од просториите заради страв од одмазда на полицијата. Претходно овој весник на своето електронско издание имаше лиферувана информација дека на 10 милиони гласачки листови недостигал личниот број на гласачот. Иранската валст од неколкумина странски новинари побарала да ја напуштат државата. Телевизијата Al Arabia од Дубаи соопшти дека иранските власти на нејзиниот дописник од Техеран му рекле дека дописништвото ќе биде затворено една седмица, при што небила кажана причината но било дадено предупредување за претпазливост во известувањето. Ајатолахот Али Хамнеи кој практично има неограничена моќ, не влезе во оценка на резултатите, но ги оцени како божја одлука. Тоа несомнено значи дека врховниот ирански лидер застана зад Ахмадинеџад, што пак значи дека протестите нема да станат помасовни и да имаат резултат, затоа што само повикот на ајатолахот може да влијае врз тоа дали Иранците ќе го поддржат Мусави. Западниот свет кој се надеваше на можна победа на умерениот Мусави, не ги оспори директно изборните резултати, туку изрази сомнеж и загриженост заради наводни изборни неправилности.
Протестите во Техеран продолжија, тројца мртви
Немири во Иран по победата на Ахмадинеџад
Махмуд Ахмадинеџад реизбран за претседател на ИранМоже ли Ахмадинеџад да ги изгуби изборите од Иранките?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

