Македонија
САД ќе соработуваат со новиот македонски претседател
Соединетите Американски Држави (САД) ќе соработуваат со новиот претседател на Македонија,, кој ќе биде избран на 5 април
Соединетите Американски Држави (САД) ќе соработуваат со новиот претседател на Македонија,, кој ќе биде избран на 5 април.
Ова, како што пренесува макфакс, го изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Роберт Вуд, на прес конференција во Вашингтон.
Тој ја повтори оценката на официјален Вашингтон дека првиот круг од претседателските и лојалните избори во Макеоднија минал без проблеми и насилство и во согласност со меѓународните стандарди.
„Ги повикуваме владата и другите релевантни институции во Македонија да продолжат со напорите во следните две недели и да обезбедат гласањето и на вториот круг, во недела на 5 април, повторно да биде безбедно, мирно и во фер атмосфера“, изјави Вуд.
Портпаролот на Стејт департментот не сакаше да одговори на прашање во врска со процесот за разликите околу името меѓу Макеоднија и Грција, кое му го постави американски новинар./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се очекува и утре да вее снег – прогноза за времето до крајот на неделата
Времето до крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Ќе има услови за појава на голомразица и снежни наноси.
Утре не’ очекува променливо облачно и студено време со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 5 степени, јавува УХМР.
Во Скопје променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во четврток претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.Попладне насекаде врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во текот на целиот период насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштаат и под -10 степени. По некои котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Македонија
Владата ги повика на консултаци невладините организации за Извештајот за состојбата
Владата денеска упати јавен повик до невладините организации да земаат активно учество во изготвување на Извештајот за условите во кои работеа невладините организации во 2024 година.
Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата од 2005 година, кое се грижи за унапредување на условите во кои работи невладиниот сектор, бара тие да помогнат во оценување на спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество.
Во повикот од невладините се бара да го пополнат прашалникот за мерење на вредностите на индикаторите од Акцискиот план на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2025 година, информираа од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење.
Целта на вклучување на невладините организации е Извештајот да биде реален и да даде објективен приказ на состојбите во граѓанското општество.
Прашалникот е јавно достапен на веб страната, кој можат да го пополнат сите регистрирани невладини организации во земјата најдоцна до 25 јануари годинава.
Македонија
Гаши за Даути: До денес не сум добил официјално известување за оставка од ниеден претседател на комисија
Како претседател на Собранието мојата главна одговорност е да ги почитувам и спроведувам Деловникот и неговите процедури, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши, за случајот со Илире Даути.
„Во овој контекст, интерпелацијата на претседателот на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, беше спроведена во целосна согласност со Деловникот, законите и Уставот. Важно е да се напомене дека интерпелацијата, по својата природа, не носи правни последици или ефекти. Мојата улога како претседател заврши по завршувањето на процесот на интерпелација, како што се случи во случајот со интерпелацијата поднесена против мене пред неколку месеци“, соопшти Гаши.
Според него, прашањата, како што се разрешувања или оставки, се процедури на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратеничките групи или пратениците.
„До денес не сум добил официјално известување за оставка од ниеден претседател на комисија.
Од процедурална гледна точка ова прашање е решено. Секое друго толкување, освен ова, е едноставно политичка реторика за дневна употреба и нема никаква правна основа, во која јас како претседател на Собранието нема да учествувам“, прецизира Гаши.