Европа
Почнува судењето на ‘сметководителот од Аушвиц’
Поранешниот командант на единиците на подмладокот на нацистичката SS организација, кој со децении водел нормален живот во местото Луенебургер Хејде во северна Германија каде никој не му обраќал внимание, сега 93-годишниот Оскар Гренинг во вторник ќе биде изведен пред окружниот суд во споменатото гратче под обвинение за помагање во убиствата на околу 300 илјади луѓе.
Откако доброволно се пријавил во елитната Waffen-SS, Оскар Гренинг служел во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау, најголемиот концентрационен логор кој нацистичка Германија го подигнала во Втората светска воја, во кој се убиени повеќе од милиони луѓе, повеќето Евреи.
Германскиот магазин Der Spiegel, во профилот што во 2005 година го направи за Гренинг, го нарече „сметководителот од Аушвиц“, и тој прекар се задржа до денес. Гренинг тогаш раскажуваше за времето што го минал во Аушвиц и не негираше дека таму се случувале масовни убиства.
Гренинг е обвинет за помош при криењето на багажот на затворениците. „Така се уништувани трагите за масовните убиства пред доаѓањето на следните затвореници“, наведува обвинителството во Хановер. Исто така, ги броел и парите пронајдени меѓу личните предмети на затворениците и ги испраќал во штабот на SS во Берлин.
Гренинг бил потполно свесен дека затворениците означени како „неспособни за работа“ биле убивани, тврди обвинителството. На тој начин „создавал економска полза за нацистичкиот режим и ги поддржувал процесот на убивање“
„За преживеаните ова е многу задоцнета правда, која ја очекуваат од германското правосудство. Тие сакаат правда, а Гренинг лично во рацете имаат голем дел од таа правда, вистината“, вели за DPA Томас Валтер, адвокат кој застапува 31 од повеќе од 60 тужители, меѓу кои има преживеани логораши, но и лица родени по војната. „Нивните родители и членовите на семејствата ќе ги добијат назад лицата, гласовите. Оние родените подоцна имале браќа и сестри кои никогаш не ги запознале“, додава.
Ужасните настани од нацистичките концентрациони логори влијаеле врз децата и внуците на настраданите, меѓу кои некои доживеале траума. „Над сите тие животи се надви темната сенка наречена Аушвиц“, оценува адвокатот Валтер. Појаснува дека доказите за помагање во нацистичките злосторства сега лесно може да доведат до пресуда, за разлика од претходно, кога морало да се докажува дека обвинетиот лично учествувал во убиствата.
Од правни причини обвиненијата се ограничени на таканаречената Унгарска акција од летото 1944 година, кога во Аушвиц пристигнале најмалку 137 железнички композиции а од околу 425 илјади луѓе кои пристигнале со нив, околу 200 илјади се убиени во гасните комори.
Медиумскиот интерес за судењето е голем и во големата судница во Луенебург за претставниците на медиумите се резервирани 60 места, од кои 23 за странски новинари. Предвидени е да се одржат 27 рочишта, а судењето би требало да заврши на 29-ти јули годинава.
„Постојано мислиме дека стасавме до крајот, а тогаш ќе се појават нови судења., Меѓутоа, колку сведоците и обвинетите се постари, помали се можностите за нови големи судења“, вели Курт Шрим од Канцеларијата на државниот обвинител во Лудвигсбург, кои ги истражува нацистичките злосторства од Втората светска војна./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

