Македонија
Сребрени медали за Фонко во Канада

Сребрени медали доби винаријата Фонко во Канада, на најважното и најпрестижното оценување на вино во Северна Америка
Сребрени медали доби винаријата Фонко во Канада, на најважното и најпрестижното оценување на вино во Северна Америка.
Ова го соопшти Фонко, додавајќи дека сребрените медали се за вината Каберне Совињон и Шардоне
Фонко во изминатите седум години добил четириесетина златни и сребрени признанија за квалитет на европски и светски вински манифестации./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: тетовец возел 190 километри на час, а дозволено е 80

Во текот на вчерашниот ден приведен е возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 километри на час на место каде што е дозволено 80, информираа од МВР.
Тој бил сопрен кај клучката Камењане, а се работи за 29-годишник со иницијали Б.М. од селото Пирок, тетовско.
„При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час“, соопшти МВР.
Притив него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
MВР во повеќе наврати во изминатиот период на овој пат затекна возачи кои возат далеку од пропишаната брзина.
Македонија
Во полициска станица е вработениот во НБРМ за кој Манев тврди дека го фрлил ранецот со пиштолот и моторолите

Во полициска станица и утрово е задржан вработениот во Народната банка, член на партијата „Десна“, кој вчера беше приведен откако Велибор Манев го спомена во завршните зборови во судница од рочиштето за Вања и Панче.
Вработениот во НБРМ беше посочен како задолжен од Љупчо Палевски да го фрли ранецот во кој бил пиштолот и моторолите користени да се киднапираат и убијат Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Детали од неговиот исказ не можат да бидат објавени во оваа фаза, но од Обвинителството соопштија дека за постапката ќе информираат во текот на денот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

Насилството на советникот на Венко Филипче од Кочани, Аки Акиов кој во општинскиот Совет со стаклено шише повреди вработена во општината, е почеток на реализацијата на темното сценарио за дестабилизација и предизвикување чувство на страв, велат од ВМРО-ДПМНЕ по инцидентот во Советот.
Според партијата, се работи за сценарио за дефокус и за дестабилизација во Кочани, кое служи за спас на политичката кариера на Венко Филипче, кој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, има рејтинг во рамките на статистичка грешка и на кого му се заканува дебакл на следните избори.
„На ова опасно сценарио, секако, му асистира добро познатиот креатор на мрачни сценарија, Зоран Заев кој е и ментор на Филипче. Ова нивно последно сценарио за сеење страв е дел од план кој Филипче го правел со Заев далеку од очите на јавноста, во Дубаи. Средбата на која го подготвиле ова сценарио се случила пред месец дена, а тоа е периодот кога јавно кажувавме дека Филипче е шест дена тајно во Дубаи, каде се среќавал со Заев. Советникот Акиов е човек многу близок до Зоран Заев, тоа може да се види од јавно достапните фотографии и тој прв почна со имплементација на планот за спас на Филипче. Внесување страв и паника кај народот од локални тепачи кои се закануваат, е добро позната и веќе испробана тактика на Заев, која сега ја применува Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се додава дека дел од дословното спроведување на планот на Заев е и декларативното осудување на настанот. Филипче ако сака некој да му верува дека искрено се оградува од насилството во Кочани, јавно ќе се дистанцира и ќе побара оставка од неговиот советник.