Свет
Над 95 загинати во земјотресот во Јапонија
Во силниот земјотрес и цунамито што го погоди североисточниот дел на Јапонија во петокот загинаа најмалку 95 луѓе. Многу луѓе се водат за исчезнати, а властите издадоа предупредување за Пацифичките крајбрежните области за можно цунами со височина до 10 метри.
Според некои јапонски медиуми, како што пренесуваат западните агенции бројката загинати изнесува повеќе од 300 а бројката исчезнати е поголема од 350 лица. Како што јавува јапонската телевизија NHK која преку целиот ден емитува снимки директно од хеликоптер, јапонската метеоролошка агенција потврди дека земјотресот од петокот попладне по локално врме со магнитуда од 8,8, степени по Рихтер е еден од најмоќните што ја погодил земјата откако се води евиденција за природните катастрофи во последните 140 години. Земјотресот кој се случи во 14:46 по локално време имаше епицентар во близината на Пацифичкиот брег на јапонската префектура Мијаги, а фокусот на подземниот удар бил на длабочина од 24 километри на длабочина од. Подоцна во текот на денот во интервал од 40 минути во областа на Мијаги биле регистрирани серија земјотреси од кои четири со интензитет од 7, што е максималното ниво на јапонската скала на јачина на земјотресите од 0 до 7. Силните потреси биле почувствувани на стотици километри оддалеченост, вклучително и во Токио, на повеќе од 373 километри оддалечен од епицентарот. Неколку потреси со магнитуда од 7 се случија и надвор од пацифичкото крајбрежје. Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за големи цунами бранови кои ќе погодат широка област, од Хокаидо во северниот дел, да Токушима на запад. Агенцијата, како што пренесува телевизијата, наведува дека во овие области нивото на морето може да се зголеми за повеќе од 10 метри. Цунами бранот висок повеќе од седум метри го погоди пристаништето Сома во префектурата Фукушима, а цунами со плимен бран повисок о дчетири метри ја погоди префектурата Оараи, а пријавени се штети од цунами во Ибараки, Камаиши и Мијако во префектурата Ивате. Според информациите на NHK најмалку 95 луѓе загинале во земјотресот и во цунамито, од кои 41 во префектурата Ивате, 11 во Мајаги и 26 во Фукушима. Многу повеќе се водат за исчезнати, јавува телевизијата. Најмалку 97 големи пожари се пријавени во девет јапонски префектури. Најголемиот од нив е во префектурата Мијаги. Во префектурата Чиба, голем пожар од претпладнето беснее во рафинеријата „Космо“.По неколкучасовен прекин, токискиот аеродром Нарита повторно е отворен за сообраќај, но неколку поголеми аеродроми остануваат затворени, посебно во североисточна Јапонија, вклучувајќи го и меѓунаодниот аердором во Сендаи. Сообраќајот на подземната железница „Shinkansen bullet“ е прекинат во централниот и североисточниот дел на Јапонија, и сите железнички услуги се прекинати во Токио. Автопатите се затворени за сообраќај во североисточна Јапонија и во централниот дел на Токио. Според компаниите за електрична енергија, 4,4 милиони домаќинства во североисточниот дел на Јапонија останале без електрична енергија. Речиси четири милиони домаќинства, исто така, се без струја во областа на Токио. Јапонската метеоролошка агенција во текот на денот постојано испраќа предупредувања за појави на цунами и можност од повеќе нови потреси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон ја повика ЕУ да продолжи со усвојување нови санкции против Русија
Францускиот претседател Емануел Макрон денес ја повика Европската Унија да продолжи со усвојување нови санкции против Русија, кои Унгарија ги блокираше, објави парискиот весник „Монд“ на својата веб-страница.
„Ќе продолжиме да го зголемуваме притисокот врз Русија. Мора да продолжиме со усвојување на 20-тиот пакет санкции на ЕУ“, рече Макрон во Париз на заедничка прес-конференција со неговиот фински колега Александар Стaб.
Финскиот претседател рече дека руската офанзива е стратешки, воен и економски неуспех на рускиот претседател Владимир Путин.
„Лидерот на Кремљ не сакаше НАТО да се прошири, а Финска и Шведска се приклучија на тој сојуз“, рече Стаб, додавајќи дека тоа е и воен неуспех за Путин бидејќи губи многу војници.
Шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, денес, по пристигнувањето на состанокот во Брисел, изјави дека е убеден дека 20-тиот пакет санкции ќе биде усвоен.
„Прашањето не е дали ќе биде усвоен. Ќе биде, тоа е сигурно. Но, кога ќе биде усвоен, секој мора да ги почитува своите обврски“, изјави Баро пред новинарите пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Свет
Путин: Русија се бори за својата иднина, вистина и независност
Русија се бори за својата иднина и независност, за вистина и правда, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на доделувањето на државните награди на Хероите на Русија во Кремљ.
„Денес во Кремљ не се собираат само професионалци со огромно искуство и беспрекорна обука. Тоа се команданти кои од самиот почеток на воената операција се бореле заедно со своите војници, споделувајќи ги сите искушенија со своите другари. Тоа се луѓе со цврсти морални принципи и идеали, вистински патриоти на Русија“, рече Путин на церемонијата во Кремљ, пренесува РИА Новости.
Рускиот лидер истакна дека нивната храброст и решителност им помогнале успешно да извршуваат операции во најсложените области и насоки.
Денес, Русија го слави Денот на бранителите на татковината, а Путин им го честиташе празникот на војниците, заблагодарувајќи им се за нивната служба, лојалноста кон нивните заклетви и наследството на многу генерации предци.
Свет
Сибиха: Унгарија и Словачка не можат да ја држат целата Европска Унија како заложник
Унгарија и Словачка не можат да ја држат целата Европска Унија како заложник, изјави денес украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, повикувајќи ги лидерите на тие земји да се вклучат во конструктивна соработка и да покажат „одговорно однесување“.
„Денес, на Советот за надворешни работи на ЕУ, повторив дека унгарските и словачките ултиматуми треба да бидат упатени само до Кремљ“, напиша Сибиха на својот профил на мрежата Икс.
Тој им се заблагодари на ЕУ и европските партнери за нивната поддршка на Украина, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин погрешно ја проценил состојбата во Европа.
„Путин целосно погрешно ја процени ситуацијата во врска со Украина. Русија се обиде да ја заплаши и подели Европа, но наместо тоа се соочи со невидено единство и нова европска сила која се вооружува и се шири. Ја нагласив подготвеноста на Украина да промовира мир и се залагав за поголемо европско учество во мировниот процес, истовремено истакнувајќи го лидерството на Соединетите Американски Држави“, рече Сибиха, пренесува Танјуг.
Според него, подготвеноста на Русија да ја заврши војната или да преземе сериозни чекори кон мир сè уште не е видлива.
„Повикуваме на зголемен притисок врз Москва. Потребна е целосна забрана за влез на учесници во руската агресија и нивните роднини“, рече Сибиха, додавајќи дека ЕУ треба да инвестира во украинската одбранбена индустрија.
Тој, исто така, повика на воведување на 20-тиот пакет европски санкции против Русија. „Исто така, треба да ја направиме 2026 година, година на успешно спроведување на програмата SAFE за заеднички одбранбени иницијативи и континуиран придонес кон иницијативата PURL на НАТО за критично американско оружје“, смета Сибиха.
Тој додаде дека Украина е подготвена да ги исполни сите услови за полноправно членство во ЕУ. „Пристапувањето на Украина, Молдавија и Западен Балкан претставува геополитичка, безбедносна и економска неопходност“, заклучи Сибиха.

