Свет
Ахмадинеџад бара истрага за убиството на Неда

Иранскиот претседател Ахмадинеџад побара судска истрага за сомнителната смрт на студентката Неда Ага-Солтан, која стана симбол на опозициските протести против оспоруваниот изборен резултат
Махмуд Ахмадинеџад по писмен пат побарал од првиот човек на иранското судство на ајатолахот Махмуд Хашеми-Шахрудиј да се покрене сериозна истрага која би помогнала да се утврдат „елементите“ во врска со убиството на Иранката и резултатите од истрагата да се објават на народот.Ахмадинеџад ги обвини странските медиуми дека ја искористиле смртта на студентката во пропагандни цели, а опозицијата и непријателите на Иран дека го злоупотребуваат нејзиниот случај за нивни политички цели и за валкање на Исламската република.Иранската студентка по музика на возраст од 26 години е убиена на 20 јуни за време на протестите на приврзниците на поранешниот премиер Мирхосеин Мусави против изборен фалсификат со кој според нив победи Ахмадинеџад.Фотографиите за нејзината смрт веднаш ги објавија странските медиуми, а набрзо се најдоа и на интернет. Британскиот весник Times минатата седмица го објави идентитетот на лекарот кој тврди дека Иранката е убиена со куршуми кои ги употребува владината милиција.Иранската државна телевизија објави дека таа не е убиена со куршуми кои ги користат иранските сили за безбедност, додавајќи дека снимањето на сцените на смртта на девојката и нивното молскавично објавување во странските медиуми укажува оти целиот инцидент е испланиран.Истиот ден, кога е убиена студентката загинаа уште најмалку девет лица. За време на протестоте кои почнаа по претседателските одржани на 12 јуни убиени се вкупно 20 луѓе, наведуваат иранските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германскиот шеф на дипломатијата: Самитот во Унгарија е втор обид Путин да сфати сè сериозно

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес изјави дека планираните разговори во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се уште еден обид да се охрабри Путин да се вклучи во сериозни преговори, но нагласи дека Украина мора да биде вклучена во секоја одлука.
Вадефул го изјави ова за време на посетата на Анкара, каде што се сретна со својот турски колега.
Украина не беше поканета на разговорите меѓу Трамп и Путин.
Свет
Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека бил принуден да ја воведе поради потегот на Пекинг да ги заостри контролите на извозот на ретки метали неопходни за технолошката индустрија, пренесе „Ројтерс“.
Во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“, Трамп рече дека мерката е одговор на одлуката на Кина да го прошири надзорот над извозот на минерали со кои таа доминира. И покрај остриот тон, тој потврди дека за две недели ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Јужна Кореја, додавајќи дека сè уште е можен фер договор со Кина.
Пазарите реагираа позитивно по неговата изјава, берзанските индекси на Волстрит забележаа раст, а американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот потпретседател Хе Лифенг најавија телефонски разговор за продолжување на трговските преговори.
Свет
Хамас ги повика медијаторите да ги забрзаат следните фази од договорот за Газа

Хамас денеска ги повика медијаторите да ги забрзаат следните фази од договорот за прекин на огнот во Газа, вклучувајќи го отворањето на границата, почетокот на реконструкцијата, воспоставувањето администрација и повлекувањето на Израел.
Борбите во Газа во голема мера престанаа, според планот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го потпишаа медијаторите Египет, Катар и Турција.
Но, следните фази беа запрени, делумно поради обвинувањата од Израел дека милитантите биле премногу бавни во предавањето на телата на заложниците.
Израел вчера објави дека се подготвува повторно да го отвори граничниот премин Рафа со Египет, но не одреди датум, обвинувајќи го Хамас за кршење на примирјето. Неисполнетите елементи на планот се разоружувањето на милитантите и идната администрација на Газа.
Хамас соопшти дека останува посветен на договорот за прекин на огнот и предавањето на преостанатите тела, но дека тоа е процес што одзема време.