Контакт

Свет

Либиските војници биле нападнати од бунтовниците во Бенгази?!

Објавено пред

Главното упориште на либиските бунтовници од изутринава е под силен артилериски оган, а борците биле присилени да се повлечат од предградијата кон центарот, јавуваат странските медиуми

dobivaj vesti na viber

Главното упориште на либиските бунтовници од изутринава е под силен артилериски оган, а борците биле присилени да се повлечат од предградијата кон центарот, јавуваат странските медиумиДописникот на Al Jazeera јавува дека бунтовниците почнале да поставуваат бетонски препреки пред нивниот главен штаб. Нивните информации велат дека либиската авијација го бомбардирала аеродромот и пристаништето во Бенгази, како и дека бунтовниците успеале да срушат еден борбен авион. И двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето. Официјалната либиска агенција DJAN во саботата, цитирајќи воени извори, јави дека Вооружените сили на Либија биле нападнати од бунтовниците во близина на градот Бенгази во источниот дел на земјата. Според агенцијата, хеликоптери и борбени авиони на бунтовниците ги нападнале позициите на либиската армија. „Ова е флагрантно кршење на забраната за летови наметнати од страна на Советот за безбедност на ОН“,  се вели во соопштението.Според либиската државна агенција, либискиот вооружени сили биле принудени да одговорат на напаѓачите. Агенцијата не го наведува бројот на жртвите на двете страни. Претходно во саботата, заменик-министерот за надворешни работи на Либија, Калед Каи изјави дека распоредувањето на либиската армија во близина на градот Бенгази кое е главното упориште на бунтовниците, не го прекршува едностраното примирје прогласено од страна на властите на земјата и дека единиците не се подготвуваат да го заземат градот. Властите, исто така, соопштија дека разоружувањето на бунтовниците коишто моментално го контролираат Бенгази, ќе им биде доверено на посебните антитерористички единици. Во самиот град Бенгази, според извештаите на странските медиуми, во саботата одекнуваат експлозии. Катарската сателитска телевизија Al Jazeera јави, меѓу другото, дека силите под контрола на либискиот лидер Моамер el-Гадафи, го гранатирале западното предградие на Бенгази. Претходно во петокот владата на Либија најави прекин на сите воени операции против бунтовниците во врска со усвојувањето на резолуцијата на ОН. Триполи ги негираше извештаите во врска со бомбардирањето на либискиот градови. Покрај тоа, либиските власти поканија набљудувачи од Турција, Грција и Малта за да го следат прекинот на огнот. Резолуцијата усвоена во четвртокот во Советот за безбедност, предвидува затворање на воздушниот простор над Либија за да се прекинат воздушните напади врз бунтовничките сили и да се избегнат цивилни жртви. Одлуката на Советот за безбедност наложува забрана за летање на либиските авиони, а предвидува и eевентуалната воена акција, но без употреба на копнените сили. Од 15-ти февруари во Либија започнаа протести кои во источните делови од земјата прераснаа во народно востание против власта на Гадафи, кој управува со земјата 42 години. Либиската авијација секојдневно ги бомбардира позициите на бунтовниците во источниот дел на земјата и градовите во кои тие ја преземаа контролата во западниот дел на Либија. Либиските власти тврдат дека се борат против групи кои се  поддржани од глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, чии високи претставници пред извесно време повикаа на соборување на режимот на Гадафи./крај/ро/сн.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Околу 4.000 летови откажани во САД поради ледената бура

Објавено пред

Речиси 4.000 летови беа откажани денес до или од Соединетите Американски Држави, а аеродромите во Бостон и Њујорк се најтешко погодени, според податоците од веб-страницата „FlightAware“.

dobivaj vesti na viber

Од петок, повеќе од 20.000 летови беа откажани поради зимската бура, објавува „ABC News“.

Само во неделата беа откажани повеќе од 11.000 летови, што е најголем број дневни откажувања од пандемијата на коронавирусот, според податоците од компанијата „Сириум“.

Се очекува летовите да продолжат денес на аеродромот Роналд Реган во Вашингтон, откако аеродромот вчера го прекина целиот сообраќај поради зимската бура.

Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во бранот на ледената бура низ САД, објавија американските медиуми.

Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, 16-годишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето го влечело со санката тинејџер кој возел моторна санка.

Во соопштението се наведува дека санката на која се возело девојчето прво удрила во тротоарот, а потоа во дрво.

Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена на паркингот на напуштена бензинска пумпа, соопштија локалните власти.

Во државата Арканзас, 17-годишно момче починало по сообраќајна несреќа во која удрил во дрво со санка, соопшти шерифската канцеларија на округот Салин.

Во сојузната држава Пенсилванија, три лица загинале додека чистеле снег, соопштија окружните власти, додавајќи дека жртвите биле на возраст од 60 до 84 години.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека пет лица загинале во ледениот бран, а бостонските медиуми објавија дека во државата Масачусетс, една жена починала откако била удрена од возило за чистење снег.

Три смртни случаи се пријавени во Тенеси, два во Луизијана и еден во Канзас, потврдија официјални лица во тие држави за ABC News, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

Песков: Русија го иницираше предавањето на замрзнатите средства на Одборот за мир

Објавено пред

Москва сè уште не е запознаена со официјалната реакција на Вашингтон на иницијативата на Русија за префрлање на една милијарда долари од средствата замрзнати во САД на Одборот за мир, но тоа секако отвора нови хоризонти за соработка со САД, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„Досега не сме слушнале никаква јавна реакција на ова“, рече Песков, пренесува Спутник.

Во исто време, тој рече дека Кремљ забележал дека американскиот претседател Доналд Трамп ја нарекол интересна идеја.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Москва е подготвена да испрати една милијарда долари од замрзнатите средства на Одборот за мир, кој беше формиран на иницијатива на Доналд Трамп, со цел обнова на Појасот Газа и решавање на палестинскиот проблем, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

Кремљ: Рано е да се очекуваат големи резултати од преговорите за Украина

Објавено пред

Кремљ соопшти дека разговорите меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави за ставање крај на војната сè уште се во рана фаза и дека не треба да се очекуваат опипливи резултати.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека би било погрешно да се очекуваат „големи резултати“ од трилатералните разговори што се одржаа минатиот викенд во Обединетите Арапски Емирати. Според него, темите биле тешки, но самиот факт што контактите започнале конструктивно треба да се смета за позитивен.

Според агенцијата ДПА, на првите директни разговори меѓу завојуваните страни по неколку месеци е договорено само продолжување на разговорите по една недела, без утврден датум. АФП, повикувајќи се на неименуван американски функционер, објави дека нова средба се очекува на 1 февруари.

Песков ги негираше тврдењата на американски претставници дека меѓу руската и украинската делегација владеела речиси пријателска атмосфера, оценувајќи дека тоа во оваа фаза е тешко можно.

Тој се осврна и на таканаречената „формула од Анкориџ“, поврзана со самитот на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска во август 2025 година, од кој не беше објавен никаков договор.

Русија бара повлекување на украинските сили од делови на источниот регион Донбас кои сè уште се под контрола на Киев, на што украинската влада се спротивставува. Германскиот безбедносен експерт Нико Ланге оцени дека изгледа оти Трамп дал ветувања кои сега не може да ги исполни, поради што САД вршат притисок врз Украина да прифати отстапки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Во „Пулс“ влегол со билет за кој не добил фискална, никој не му побарал лична карта, а од стампедото го спасил обезбедувачот Столе, сведочеше Иван Данаилов

Дваесетипетгодишниот Иван Данаилов, гостин во „Пулс“ вечерта кога се случи пожарот, на денешното судење сведочеше дека во клубот влегол со...

Македонија3 часа

МВР ги објави казните за „Безбеден град“: што ќе се санкционира и колку ќе плаќаат возачите кои ќе направат прекршок

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните...

Македонија3 часа

Николоски предлага три решенија за проблемот со шенгенските правила за превозниците

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на граничниот премин Блаце им даде поддршка на домашните транспортери, кои од денеска...

Македонија5 часа

Келнер, кој непријавен работел во „Пулс“, сведочи дека клубот имал само еден влез, имало малолетници, а пред пожарот со 63 жртви имало танчерки кои вртеле факели

Првиот сведок на Обвинителството, 20 – годишниот Кристијан Панов, на денешното судење за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа...

Македонија6 часа

Две монтажни катни гаражи добива Клиничкиот центар во Скопје, најави Орце Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави отпочнување на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки...

Македонија6 часа

(Видео) Филипче ја критикуваше Владата дека го кочи европскиот пат и нема волја за уставни измени

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седница на Националниот совет за евроинтеграции изрази сериозна загриженост поради, како што рече, целосниот...

Македонија7 часа

Судењето за „Пулс“ почна со предупредување за родителите на загинатите дека ќе бидат исклучени, по тензиите со бранителката на Јованови

Денешното судење за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ со 63 жртви и над 200 повредени почна со предупредување за родителите...

Топ8 часа

Три лица тешко повредени во сообраќајка помеѓу три возила во тетовско

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во 22:50 часот на регионалниот пат Јажинце...

Македонија8 часа

Не е тајна дека Мицкоски има работено во бизнис секторот и има добро заработено, велат од ВМРО-ДПМНЕ за скапите часовници на премиерот

Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот...

Македонија9 часа

Блокадите на границите не се решение, загубите ќе бидат големи, смета Стопанската комора

Проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез...

Македонија9 часа

Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција информира дека до МВР е доставена најава за одржување...

Македонија10 часа

150 минимални плати чинат часовниците на Мицкоски, велат од СДСМ

„Премиерот Христијан Мицкоски се најде на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници“, велат...

Топ10 часа

Пијана со нож го прободела сопругот, а потоа го гребела по вратот и телото: жена од Хрватска осомничена за семејно насилство во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека...

Европа11 часа

Зеленски: Кучето на Лукашенко има повеќе права од белорускиот народ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Белорусија е сè уште принудена да постои како територија управувана од Русија, додавајќи дека...

Свет12 часа

(Видео) Градоначалникот на Њујорк снимен со лопата во рака

Њујорк, Њу Џерси и Конектикат прогласија вонредна состојба поради голема зимска бура што донесе обилни снежни врнежи во целиот регион....

Свет12 часа

(Фото) Зимска бура во САД: Најмалку седум мртви, стотици илјади без струја

Опасната зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави усмрти најмалку седум лица и остави стотици илјади домови без електрична...

Свет24 часа

Ризик по животот: Човекот кој се искачи на Тајпеј 101 без заштита земал половина милион евра

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изјави дека му е платен „смешно мал“ надомест за да се искачи на облакодер од 488...

Топ1 ден

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ1 ден

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...

Свет1 ден

Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење...