Регион
На боиштата во Сирија и Ирак загинале и 10 државјани на Србија
На боиштата во Сирија и во Ирак во моментов има повеќе од 30 државјани на Србија, а досега 10 од нов загинале, изјави во средата во Белград српскиот министер за полиција Небојша Стефановиќ.
„Според податоците со коишто располагаме, десет лица загинале“, изјави Стефановиќ на меѓународната конференција за странските терористички борци, спречување на радикализмот и борбата против тероризмот во балканскиот регион, на која учество во средата во српската престолнина Белград учествуваше и македонската министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,
Јанкулоска во своето излагање рече дека од летото 2012 година македонските безбедносни служби регистрирале дека на боиштата во Сирија и во Ирак на страната на радикалните исламистички групи учествувале околу 100-ина македонски државјани, од кои е познато дека 15 таму загинале.
Српскиот министер за полиција, Небојша Стефановиќ, во продолжението на своето излагање го осуди неодамнешниот напад врз полициската станица во Зворник, во Босна и Херцеговина, оценувајќи дека „регионот на западен Балкан станува сé попримамливо поднебје за регрутација на терористите“ и истакна дека „Србија е сигурен партнер на меѓународната заедница во борбата против ова современо зло“.
Претседателите на Србија и на ентитетот Република Српска, Томислав Николиќ односно Милорад Додик истовремено со одржувањето на споменатата конференција во Белград имаа средба по повод терористичкиот напад во Зворник во кој беше убиен еден полицаец, а од заедничката прес-конференција порачаа дека „сите држави на Балканот мора да воспостават поцврста и поконкретна соработка“, особено во сферата на работата на безбедносните и разузнавачките агенции.
„Иако ниту Србија, ниту Република Српска, не влијаат врз светските настани (…) очигледно е дека не можеме да бидеме жртви и дека мораме да бидеме подготвени на сé“, изјави српскиот претседател Николиќ.
Додик од своја страна, пак, најави дека Република Српска по инцидентот во Зворник ќе развива „нова стратегија на безбедносните структури“, односно дека ќе „соработува со безбедносните органи на Федерацијата БиХ, Хрватска и Србија, бидејќи борбата против тероризмот не може да биде изолирана“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

