Црна хроника
Седум лица се товарат дека и помагале на вооружената група во „Дива населба“

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за организиран криминал издал наредба за истражна постапка за седум лица, македонски државјани кои се товарат дека и помагале на вооружената група која се судри со полицијата на 9 и 10 мај годинава во кумановската населба „Дива населба“.
„Осомничените, кои се теретат за сторени кривични дела „Терористичка организација” од чл. 394 – а и „Тероризам” од чл. 394 -б, се изведуваат пред Судија на претходна постапка. Надлежниот јавен обвинител до Судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка – Притвор.“, соопштуваат од обвинителството.Од Основниот суд Скопје 1 соопштуваат дека лицата сè уште се на распит и дека ќе соопштат што одлучил судијата на претходна постапка кој го врши распитот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен Британец на охридскиот аеродром: во неговата чанта пронајдени куршуми

Вчера во 09:45 часот на Граничен премин Аеродром „Св.Апостол Павле“-Охрид, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.Џ.Б.(40) од Велика Британија.
При гранични проверки, во неговата чанта биле пронајдени и одземени три куршуми и четири чаури.
Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар Запад за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
17-годишник тешко повреден кога со возилото излетал од патот во Струшко

Ноќеска во 22:10 часот, на локален пат во струшкото село Радолишта, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 17- годишно момче од струшкото село Франгово, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а 15-годишен сопатник од селото Заграчани со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Прегазен малолетник во Охрид

Синоќа во 21:05 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(69) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Охрид.