Црна хроника
Еден од уапсените во акцијата ‘Молња’ планирал напади и на Скопје – ВИДЕО
Едно лице од седуммината кои беа приведени во четвртокот утрото во полициската акција за разбивање на помагачите на вооружената група која изврши нападот во Дива населба во Куманово, планирал да изврши напади и во Скопје.
Според информациите коишто попладнево ги соопшти Министерството за внатрешни работ за акцијата наречена „Молња“, осомничениот имал намера да мобилизира помлади лица и да изврши напади на неколку локации во Скопје, за да го пренасочи вниманието на полицијата кое за време на нападите беше фокусирано во кумановската Дива населба.Плановите не се реализирале, а денешната акција е започната за да се разоткрие целокупната мрежа на помагачите и на соработниците на вооружената група, како за нападите во Дива населба, така и за претходниот напад на полициската станица Гошинце.Уапсените се главно логистичари. Помагале во криењето на оружјето од Гошинце, при транспортот и сместувањето на учесниците во нападите и нивно прикривање.Имале директни контакти со извршителите на нападите, но не учествувале ниту во нападите во Дива населба, ниту во Гошинце.Уапсените се на возраст од 20 до 74 години. Тројца од нив се од кумановското село Отља, двајца од скопското село Брест и по еден од Арачиново и од Матејче. При апсењето, немало никакви инциденти.Сите од претходно се товарат за разни кривични дела, а некои имаат и одлежано затворски казни.Направен е претрес на пет локации во Отља и во Брест, каде е најдена карта на Голема Албанија, униформи на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК- УЧК), фотографии со припадници на УЧК и огромно количество оружје.Дел од уапсените и самите биле команданти во сега расформираната УЧК и се на распит кај судија на претходна постапка./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.