Европа
Туск ги објави предлозите за постигнувањето на договор со Велика Британија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во вторникот ги објави предлозите за постигнување на договор со Велика Британија, кои ќе бидат основа на расправата на претстојниот самит на челниците на Европската унија (ЕУ) на 18-ти и 19-ти февруари, во рамките на подготовките на референдумот за останувањето на Обединетото Кралство во ЕУ.
Во писмото испратено до челниците на сите земји членки на ЕУ, Туск истакнува дека овие предлози, според него, ќе ги решат прашањата кои се поставени од страна на Велика Британија, истовремено без да бидат прекршени начеката на кои е втемелната Унијата.
Според предлозите на кои било работено повеќе месеци, националните парламенти ќе имаат повеќе овластување во однос на донесувањето на европските закони. Исто така, се предлага 55 проценти од 28-те национални парламенти, односно 16 парламенти, да можат да ги сопрат или, пак, променат законите кои се во постапка на донесување.
Туск истакнува дека предлозите за заштита на земјите кои не се членки на еврозоната значат дека тие може да имаат право на вето на одлука на еврооната. Предлогот вклучува и одредба за ограничување на социјалната помош за работниците од другите земји членки на ЕУ, во случај на оптовареност на социјалниот систем на земјите членки.
Ова всушност беше и едно од најтешките британски барања, поради тоа што задира во слободата на движењето на лицата, едно од темелните начела на ЕУ, а кое според Туск со овој предлог не е прекршено.
Британскиот премиер Дејвид Камерон, пак, во вторникот изјави дека неговата земја би можела да го одржи референдумот за членството во ЕУ за „неколку месеци“, доколку остантите членки од ЕУ ги подржат низата предложени мерки.
„Сега можеби добивме неколку месеци пред да се одржи референдумот, доколку се постигне овој договор. Ако тој пројде пак, тогаш ќе одредиме датум за одржување на референдумот“, рекол Камерон./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата почна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.