Европа
Британија и ЕУ постигнале договор за блокирање несакани закони, за Шулц може нема да е доволно
Велика Британија постигна договор со функционерите на Европската унија за механизмот за блокирање на непожелните закони на ЕУ, изјави во вторникот извор од кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон, со што е исполнета една од неговите четири главни реформи цели, додека претседателот на Европскиот парламент, Матрин Шулц, изјави дека Лондон веројатно ќе постигне договор со Брисел за реформите чија цел е Британија да ја задржи во 28-члениот сојуз, но оти тоа може да не биде доволно за да ги увери британските гласачи на референдумот да го изгласаат останувањето во ЕУ.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, треба подоцна во вторникот да го објави предлог договорот за британските барања за реформи во Европската унија, врз основа на кој ќе се направи обидот Велика Британија да се задржи во Унијата.
Предлогот, кој треба да го одобрат сите 28 земји членки, ќе содржи правно обврзувачка одредба којашто ќе овозможи група од 55 отсто и повеќе од земјите членки да запре закон на ЕУ или да побара негова измена, соопштија за Reuters извори од кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон.
Кемерон вети реформи на британските односи со ЕУ и одржување на референдум за членство во Унијата до крајот на 2017 година. Тој се надева дека ќе ги финализира реформите на самитот на 18-ти и 19-ти февруари.
Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд изјави дека разговорите биле охрабрувачки, но и оти треба уште да се преговара за да се постигне конечниот договор,
Целта на блокирањето на законите на ЕУ е да се отстрани загриженоста на Британците дека на Брисел му се дадени премногу овластувања при носењето на законите. Земјите членки ќе имаат рок од три месеца да вложат приговор на предложените нови закони, рекол изворот. „Тоа ќе овозможи гласовите на националните парламенти јасно и гласно да се слушнат во Брисел“, истакнал соговорникот на агенцијата.
Меѓутоа, претседателот на Европскиот парламент изјави дека и покрај тоа, британските гласачи сепак можеби не би гласале за останување во Унијата.
„Сигурен сум дека ќе постигнеме договор со нив. Но дали тоа ќе биде доволно да се придобие мнозинството Британци за останување во ЕУ, допрва ќе видиме. Мој впечаток е, и моето искуство со референдумите укажува дека луѓето гласат за сешто, но најчесто не за содржината на она за што се преговара“, заклучува Шулц./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.