Црна хроника
Од куќа во село Мородвис украдени пари и златници
Златни француски монети, денари, евра и швајцарски франци биле украдени од куќа во село Мородвис, кочанскo, во периодот меѓу средата и четвртокот, соопшти полицијата.
Имено, во четвртокот, пријавено е дека во периодот од 29.07. до 30.07.2015 година во село Мородвис, кочанско непознат сторител со насилно отворање на прозор извршил тешка кражба во куќа сопственост на Н.С.(74) при што одзел 400.000 денари, 28.000 швајцарски франци, околу 1000 евра и 73 златни француски монети по што избегал.Крадецот се стекнал со противправна имотна корист од 2.260.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.