Свет
Евакуирани 20 илјади луѓе од зоната на вулканот на Суматра
Бројот бегалци пред опасноста од вулканска ерупција на вулканот Синабун на индонезискиот остров Суматра достигна повеќе од 20 илјади луѓе, соопшти во понеделникот за Agence France Presse, началникот на локалната спасувачка служба Андес Мбаго
Претходно во неделата беше објавено дека најмалку 12 илјади луѓе ги напуштиле своите домови и се сместени во привремени засолништа. Лавата од вулканот Синабунg кој се наоѓа на истоимената планина во северниот дел на островот во близина на градот Медан, почнал да избива околу полноќ по локално време во неделата. Над вулканот кој не бил активен 400 години се издига столб од чад висок 1,5 километри, а спасувачки служби уште во неделата ја започнаа евакуацијата на жителите на околните села. Индонезиското министерство за здравство постави медицински пунктови за итна помош во близина на вулканот а на локалното население им се поделени заштитни маски, лекарства и упатства за постапување во вонредни ситуации.Вулканолозите прогласија „црвена“ највисок степен на трегова од вулканска активност, и покрај фактот дека во послдените 12 часа активноста на вулканот е за малку намалена. Сепак,како што изјавил вулканологот Агус Будианто во 6.30 наутро по локално време вулканот почнал да еруптира повторно, а се згоелмил и столбот од чад и вулканска пепел . Според агенцијата, во врска со зголемена опасност за авионите, с еправат напори за пренасочување на летовите, а билe и откажани неколку летови на домашните линии чии рути се во близината на ерупсцијата. „Во понеделникот може да има застој во аиосообраќајот, што ќе зависи и од насоката на ветерот“, изјавил претставник на индонезиското министерство за транспорт, Бамбанг Ерван.Индонезија е дел од ткн „Пацифички огнен прстен“ кој се наоѓа на судирот на големите и моќни тектонски плочи од дното на Индискиот Океан, кој е притиснат ода ткн. Азиската тектонска плоча. Акумулираната подземна тензија се ослободува пота како силни земјотреси или како можна вулканска активност.На 26-ти август 1883 г. е забележана ерупцијата на познатиот вулкан Кракатау, кој се наоѓа во Зондскиот теснец меѓу Јава и Суматра. Тогаш почнала првта ерупција која траела до утрото на 27-ми август. Од потресите на околните острови иле уништени многу домови. На 27-ми август, околу 10 часот утрото се случила огромна експлозија, а еден час подоцна и втората вулканска експлозија со иста голема сила. Се проценува дека повеќе од 18 кубни километри камени фрагменти и пепел биел исфрлени во атмосферата. Цунами брановите предизвикани од експлозиите, ги опустошиле градовите, селата и шумите на бреговите на Јава и Суматра. Многу острови исчезнал под водата заедно со населението. Цунамито од оваа легендарна ерупција на Кракатау било толку моќно што било почуствувано на цеата планета. Тогаш на Јава и на Суматра исчезнале вкупно 295 градови и села, при што загинале повеќе од 36 илјади луѓе, а стотици илјадници луѓе останале без домови. Катаклизмата го изменила брегот на Суматра и Јава до непрепознатливост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост
Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид да ги принудат корисниците да се префрлат на конкурентска услуга контролирана од владата.
„Руската влада се обиде целосно да го блокира WhatsApp со цел да ги насочи граѓаните кон апликација контролирана од државата“, рече Мета.
„Правиме сè што можеме за да ги одржиме нашите корисници поврзани“, се додава во соопштението.
Фајненшл тајмс претходно објави дека руските власти го отстраниле WhatsApp, кој има околу 100 милиони корисници во Русија, од онлајн регистарот на апликации што ги води Роскомнадзор, државниот регулатор за комуникации.
Овој потег се смета за дел од пошироката стратегија за ограничување на пристапот до платформи што не се директно контролирани од руските безбедносни служби. Рускиот регулатор веќе воведе ограничувања за Telegram претходно оваа недела, објави Франс Прес.
Руските власти вршат притисок за префрлување на MAX, за кој критичарите велат дека овозможува надзор на корисниците, објави Ројтерс.
Европа
Киев повторно цел на голем руски ракетен напад
Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради, соопштија локалните власти. „Масовниот напад врз главниот град е сè уште во тек“, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на платформата Телеграм.
Тој рече дека се погодени згради од двете страни на реката Днепар. Нема непосредни извештаи за жртви, но на местото на настанот се испратени екипи за итна медицинска помош. Тимур Ткаченко, шефот на воената администрација во Киев, потврди најмалку еден удар во источните предградија, додека сведоци на Ројтерс пријавија силни експлозии што одекнуваа низ целиот град.
Југоисточниот град Днепар, исто така, беше погоден, изјави регионалниот гувернер Олександр Ганжа. Неколку приватни домови и автомобили беа оштетени, но немаше непосредни извештаи за жртви. Воздушните напади останаа на сила во Киев и Днепар долго по полноќ.
Регион
Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер
Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак во најмладата земја во Европа.
Новата влада на Курти беше потврдена со 66 гласови „за“ во парламентот со 120 места. Неговата партија „Ветевендосје“ (Самоопределување) освои 57 места на декемвриските избори, а тој успеа да добие поддршка од неколку мали партии на етничките малцинства.
Новата влада се соочува со итни задачи за одобрување на буџетот за 2026 година и обезбедување меѓународни заеми и пакети за помош во вредност од стотици милиони евра, пишува Ројтерс.
„Во следните четири години, ќе ги зајакнеме сојузите и ќе инвестираме една милијарда евра во одбрана“, им рече Курти на пратениците пред гласањето.
„Ќе ставиме во употреба фабрика за муниција, ќе ја развиеме воената индустрија на Косово и ќе произведуваме домашни борбени беспилотни летала.“
Земјата со 1,6 милиони луѓе одржа предвремени избори во декември 2025 година по неубедливите резултати во февруари.
Курти кратко беше премиер во 2020 година, сè додека не беше изгласан за разрешување од функцијата. Потоа беше премиер од 2021 до 2025 година, а изминатата година ја помина водејќи привремена влада.
Косовскиот парламент сега мора да избере и нов претседател до 5 март, процес што ќе се покаже како предизвикувачки бидејќи бара двотретинско мнозинство. Без таква поддршка, на Курти ќе му биде потребна поддршката од опозицијата или ќе се соочи со уште едни предвремени избори, објави Ројтерс.

