Свет
ЕСМ нема фискални апарати заради револуционерната поделба годинава
"ЕСМ Дистрибуција" не смее за наплатени услуги во кеш на потрошувачите да издава каса – прими талончиња. Компанијата мора веднаш да набави фискални апарати, а на потрошувачите да им издава фискални сметки каде јасно ќе се види колку чини услугата на ЕСМ, а колку се наплаќа ДДВ за таа услуга.
УЈП НЕ ЗНАЕЛО ДЕКА ДРЖАВНИ КОМПАНИИ ДАВААТ КАСА ПРИМИ ТАЛОНЧИЊА
"ЕСМ Дистрибуција" не смее за наплатени услуги во кеш на потрошувачите да издава каса – прими талончиња. Компанијата мора веднаш да набави фискални апарати, а на потрошувачите да им издава фискални сметки каде јасно ќе се види колку чини услугата на ЕСМ, а колку се наплаќа ДДВ за таа услуга. Ова е официјалниот став на Управата за јавни приходи, каде вчера се изјаснија дека незаконското работење на ЕСМ се провлекло бидејќи досега никој не пријавил дека компанијата наместо фискални сметки издава каса – прими.
"Штом има промет во кеш, ЕСМ мора да издава фискални сметки. Не може да се правда дека се изјасниле за фактурирана наплата", велат во Управата за јавни приходи откако "Вест" во вчерашниот број објави дека ЕСМ наместо фискални сметки, веќе цела година издава каса прими талончиња при наплатата на 768 денари за повторно вклучување на исклучените претплатници. На каса – прими талончињата, кои ги изготвува самата компанија, е испечатено и името на претпријатието.
"УЈП може во секое време да да направи конторла во ЕСМ Дистрибуција и ако утврди дека има неправилности при уплатата на ДДВ, нека не казни", одговорија вчера од "ЕСМ Дистрибуција", каде тврдат дека иако наплатата на услугите во кеш се реализира незаконски, дека нема никакви пропусти при уплатата на ДДВ во УЈП.
Компанијата најавува дека наскоро ќе се набават фискални каси, а причината што толку долго не набавиле каси била трансформацијата на старото ЕСМ.
"Не успеавме да набавиме фисклани каси бидејќи годинашто измина беше револуционерна во погледна поделбата на ЕСМ од една компанија на почетокот од годинава во четири компании на крајот од годинаа", велат во ЕСМ Дистрибуција. (Т.Ј.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.
Европа
Лавините на француските Алпи убија тројца скијачи
Тројца скијачи загинаа вчера во одделни лавини на француските Алпи, само еден ден откако три други лица загинаа во слични несреќи, објавија локалните медиуми.
Во Ла Плањ, британски државјанин, на возраст од околу 50 години, беше затрупан од снег, објави скијачкиот центар. Француските медиуми објавија дека 52 спасувачи, кучиња-трагачи и хеликоптер биле вклучени во потрагата и дека им биле потребни 50 минути за да пронајдат маж под 2,5 метри снег, но не можеле да го спасат.
Во блискиот Куршевел, лавина затрупала уште едно лице кое било пронајдено мртво во доцните утрински часови, според извештаите.
Регионалниот дневен весник „Le Dauphiné libéré“, исто така, објави за неколку повредени скијачи и сноубордери.
Според извештаите на медиумите кои се повикуваат на планинската полиција, 32-годишен маж загинал во лавина во Валорцин, во близина на швајцарската граница. Тој скијал надвор од стазата кога лавина го исфрлила во дрво, а подоцна им подлегнал на повредите.
Властите повикаа на претпазливост
Еден ден претходно, уште три лица загинаа во истиот регион.
Во неделата беа пријавени неколку лавини низ Савој, што ги натера локалните власти да ги повикаат жителите и туристите да бидат „екстремно внимателни“ и да не излегуваат надвор од назначените скијачки патеки.
Свет
Трамп вели дека ќе разговара со Маск за враќање на интернетот во Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека планира да разговара со милијардерот Илон Маск за враќање на интернетот во Иран, каде што властите го прекинаа интернетот поради антивладините протести.
„Тој е многу добар во тоа, има многу добра компанија“, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали би ја ангажирал компанијата на Маск, SpaceX, која нуди сателитска интернет услуга наречена Starlink.
Откако милијардерот помогна во финансирањето на успешната претседателска кампања на Трамп, а подоцна иницираше големи намалувања на буџетот за федералната влада, пријателскиот пар се скара минатата година кога Маск се спротивстави на клучниот закон за даноци на Трамп.
Но, се чини дека ги поправија своите врски, вечерајќи заедно во одморалиштето Мар-а-Лаго на Трамп овој месец.

