Свет
Обама и Ердоган разговараа за Сирија и Иран
Американскиот претседател Обама и турскиот премиер Ердоган во неделата разговараа во јужнокорејската престолнина Сеул за доставување медицинска помош и комуникациска поддршка на сириската опозиција, но вооружувањето на бунтовниците не било ставено на дневен ред, изјави американски функционер.
„Вашингтон и Анкара се подготвени да го разгледаат испраќањето помош во Сирија, но којашто не вклучува ‘смртоносна пратка’, на состанокот на групата Пријатели на Сирија којшто ќе се одржи на 1-ви април во Турција“, потврди заменикот на советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Бен Родс, пренесува Reuters.
„Разговаравме за хуманитарните напори и како да се придонесе кон напорите на Кофи Анан во Сирија да дојде до толку потребните промени“, изјави Барак Обама по средбата со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој инаку е остар критичар на сирискиот претседател Башар ал-Асад од кого сириската опозиција речиси цела година бара повлекување од власта.
Во Сирија демонстрациите на опозицијата прераснаа во вооружени судири во коишто според процените на меѓународната заедница загинале над осум илјади луѓе.
Обама и Ердоган разговарале и за ситуацијата со Иран, при што американскиот претседател изразил убедување дека сé уште има простор и време за дипломатско решение на кризата, но и дека тоа истекува. Обама врши во моментов притисок врз Израел да се воздржи од воен напад врз наводните ирански нуклеарни постројки за производство на оружје, порачувајќи дека воената операција и натаму е една од опциите.
Средбата меѓу Обама и Ердоган се случи пред почетокот на самитот за нуклеарна безбедност кој ќе се одржува од понеделник во Сеул./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

