Црна хроника
Обезбедувач во казино прободен со нож
Младо момче на возраст од 23 години, кое било ангажирано како обезбедување на казино, прободено е со нож на работното емсто, при што се здобило со тешки повреди.
Инцидетно се случил во петокот околу 20,20 часот во ГТЦ-Мавровка-Скопје, поточно во казино „Адмирал“, кога лицето Ј.З (23) од Скопје вработен во агенција за обезбедување на објектот физички бил нападнат од страна на неколку непознати лица при што бил повреден со нож во пределот на грбот.
Истиот се здобил со телесни повреди и пренесен е во ГОБ„Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца битолчани со ножеви нападнале полициска патрола, определен им е притвор
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за две лица осомничени за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Едниот од нив е осомничен и за обид за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие според член 382 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените со ножеви во рацете им се заканиле на двајца униформирани полициски службеници, кои постапувајќи по наредба за вршење на мотопатролна дејност на регионалниот пат Р23-33 Битола-Бистрица го запреле возилото во кое се наоѓале осомничените за да извршат контрола на возило и возач. Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда. Кога полицајците се обиделе да го совладаат, другиот осомничен се обидел да ги спречи така што ги тргал за рацете и униформите. Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола.
Одлучувајќи по предлогот од надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Битола на осомничените определи притвор во траење од осум дена.
Црна хроника
Прегазена прилепчанка, возачот избега
Вчера во 21.55 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Прилеп на ул.„Прилепски бранители“ се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило удрило во В.М.(73) од Прилеп и го напуштило местото на настанот.
В.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
36-годишен маж пукал со пиштол во нозете на друго лице, определен му е притвор
На 25.12.2024 полициски службеници го лишија од слобода Б.Р. (36) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 23.12.2024 на ул. „Бутелска“ во Скопје Б.Р. испукал еден проектил од пиштол кон нозете на С.З. (35) од Скопје. Од страна на Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни и сексуални деликти во врска со настанот преземени се опсежни мерки, при што обезбедени се докази против Б.Р. и тој е лишен од слобода, а на 26.12.2024 е поднесена кривична пријава по брза постапка.
Од страна на судија на претходна постапка на Б.Р. му е определена мерка притвор во траење од осум дена.