Црна хроника
Грчки цариник со син спреј ја испрскал ознаката МК на камион
Скопјанец во четвртокот на граничниот премин „Богородица“ пријавил дека му бил оштетен камионот во Солун.
Додека скопјанецот службено бил во солунското пристаниште со товарното моторно возило, во текот на извршувањето на царинските формалности од страна на цариник при грчката царина со син спреј испрскана била задната регистарска табличка на полуприколката при што целосно била покриена ознаката “МК“. Настанот не е пријавен во грчката полиција. Инаку во текот на годинава на ГП “Богородица“ досега се евидентирани 14 случаи на оштетување на возила или регистарски таблички сопственост на наши државјани кои биле во соседна Грција./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Велес – езеро „Младост“
Вчера во 18.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Езеро „Младост“, во близина на крстосницата кај Башино село, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа мито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот И.А. од Скопје и патничко возило „опел корса“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.М. од Велес, соопшти МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.М., додека другиот возач И.А. и неговата сопатничка М.Б.(25) од с.Водоврати, општина Градско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес“, соопшти МВР.
По овластување на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Со „пунто“ удрил во паркирани „голф“ и трактор во Злетово, тешко повреден возачот
Вчера, во СВР Штип било пријавено дека во 11 часот, на улицата Македонија во Злетово, патничко возило „фиат пунто“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот Т. М., удрило во паркирано патничко возило „фолксваген голф“, со пробиштипски регистарски ознаки, сопственост на М. П., и во паркиран трактор „имт“, со штипски регистарски ознаки, сопственост на К. Г., сите од Злетово, извести МВР.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот Т. М., констатирани во Здравствниот дом во Злетово, соопшти МВР.
По овластување на јавен обвинител, бил извршен увид од екипа на Полициската станица Пробиштип.
Топ
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во старата касарна во Битола
На 21 мај, во 10.48 часот, во СВР Битола, вработен во градежна фирма пријавил дека при вршење ископ во старата касарна во Битола пронашле поголем број стари пушки, извести МВР.
„Увид извршила екипа од СВР Битола, а на 22.5.2024 пушките биле подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој констатирал дека станува збор за 110 стари нефункционални пушки по потекло од Првата светска војна“, соопшти МВР.