Европа
Расте популарноста на германската опозициска партија AfD, незадоволство од Меркел

Десната евроскептична партија Алтернатива за Германија (АfD) која се формираше пред неколку години како израз на несогласувањата со политиките во Европската унија, првпат стана третата партија во Германија според анкетата на јавниот сервис ARD, додека истовремено 81 отсто од испитаниците изјавиле дека германската влада предводена од канцеларката Ангела Меркел не ја држи под контрола ситуацијата со бегалците.
На прашањето за кого би гласале доколку следната седмица се одржат парламентарни избори, 35 отсто од испитаниците се одлучиле за конзервативната Унија CDU/CSU на кацеларката Ангела Меркел, што е 4 проценти помалку отколку на почетокот од јануари. Коалицискиот партнер во таканаречената голема влада – Социјалдемократската партија на Германија (SPD), која е и најстарата партија во земјата, би освоила 24 отсто од гласовите.
Иако некои други испитувања на јавното мнение во Германија и претходно укажува дека десната конзервативна партија Алтернатива за Германија (AfD) откако водството го презема младата Фрауке Петри станува трета партија во земјата иако пред една година имаше рејтинг од само 3 отсто, анкетата на ARD го потврди тоа и покажува дека оваа партија која се спротиставува на актуелната миграциска политика на владата има поддршка од 12 отсто од избирачите. Со тоа ги надмина партиите Зелени кои имаат 10 и Левица со 9 отсто поддршка од гласачите.
Само во јануари поддршката за AfD се зголемила за 3 отсто, иако минатиот викенд предизвика остри политики во јавноста со предлогот на германската полиција да ѝ биде дозволено да користи оружје против имигрантите кои нелегално ги минуваат границите на земјата.
Истовремено паѓа поддршката за бегалската политика на владата на Ангела Меркел Само 18 отсто од испитаниците сметаат дека владата ја држи под контрола ситуацијата со бегалците.
И самата Меркел во изминатиот месец загубила многу, дури 12 отсто од поддршката на гласачите. Во моментов само 46 отсто од испитаниците сметаат дека канцеларката добро ја извршува својата должност.
Испитувањето „Германски тренд“ на јавниот сервис ARD, се смета за еден од најважните показатели на јавното расположение во земјата и се спроведува по правило еднаш месечно./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ковчегот на папата Франциско затворен, погребот в сабота наутро

Од средата наутро, кога телото на покојниот папа Франциско беше пренесено во базиликата „Свети Петар“, низ неа поминаа 150.000 луѓе од целиот свет. Ковчегот на папата беше затворен вечерва, а погребот ќе се одржи в сабота наутро.
Пред церемонијата на запечатување, во ковчегот на папата беа поставени 12 монети, по една за секоја година од неговиот понтификат, како и краток запис и извештај за неговото папство. Церемонијата ја водеше кардиналот Кевин Фарел, камерлегно на Светата Римска црква.
Реки верници доаѓаат во Рим за да присуствуваат на утрешниот погреб на папата Франциско, а се очекува и пристигнување на бројни делегации од целиот свет.
Во Рим се воведени строги безбедносни мерки, со илјадници волонтери и полицајци, систем против дронови, снајперисти на покривите и борбени авиони подготвени за полетување.
Европа
Жена во Шпанија ја продала новородената ќерка за 2.000 евра на двојка која не можела да има деца

Шпанската полиција уапси 37-годишна жена која ја продала својата новородена ќерка на пар кој се лекува од неплодност, јавува АФП.
Полицијата соопшти дека жената била уапсена минатиот месец во Мостолес, јужно предградие на Мадрид. Брачен пар осомничен за купување дете и двајца нивни роднини беа уапсени во јужниот град Кордоба.
Според прелиминарната истрага, жената се согласила да им ја предаде својата новородена ќерка на двојката за 2.000 евра. Сепак, по породувањето, таа се предомислила и побарала да ѝ го вратат детето.
Двојката, според АФП, одбила да го врати бебето освен ако жената не им го врати платениот износ, плус дополнителни 1.000 евра за покривање на трошоците што тврделе дека ги направиле во текот на месецот што го поминале со неа во Кордоба пред да се роди детето.
Полицијата започна истрага откако една жена поднесе жалба тврдејќи дека семејство во Кордоба го „киднапирало“ нејзиното новородено бебе. Детето е предадено во центар за заштита на деца во Кордоба. Полицијата, исто така, објави дека властите ѝ одзеле уште шест деца на жената во 2022 година поради занемарување.
Европа
Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните преговори, но само откако Русија ќе се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот.
„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев.
Тој ја коментираше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Тајм“ изјави дека „Крим ќе остане со Русија“.
„Она што го кажува претседателот Трамп е вистина. Се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот Полуостров“, рече Зеленски.
Да потсетиме дека украинските претставници претходно решително ја отфрлија можноста за какви било територијални отстапки во замена за мир со Русија.